Дали сите давате домашно овошје/зеленчук? Здравје треба да почнеме со вкусови скоро ама не знам никој што одгледува. исто така за продукти што не се во сезона, се чека ли да излезат? Некаде прочитав давале сушена слива имам закажано педијатар другата недела, па викам ај и тука да прашам што како
Има различни готови кашички на хип холе и слично , но до сега се што отворивме ништо не бендиса уствари само банана сака. А домашни си каснува колку толку . Од кои готови кашички најмногу земате и си имате за резерва небитно возраста?
А да прашам, оваа големина на авокадо на колку пати да ја дадам? 9 месеци сме и 3 дена пресечено на пола заедно со коската се чуваше во фрижидер?
Тие што не се во сезона јас на пример ги пастеризирав или ги замрзнував. Домашни и непрскани ми даваа многу, па не сакав да ми пропаднат и да не давам затоа што не им била сезона. Суви сливи не сум давала досега, уште имам замрзнати. Давам понекогаш и готови кашички од Холе, Хип и Био од ДМ. Има и онлајн продавници за органска храна, како BiOrg, ѕирни ги на Фејсбук.
Утре сакам да воведам риба пастрмка... Бебе има 10 месеци. @dunika дали месо заедно со риба вкупно треба 150 гм неделно или месо 150 гр а рибата башка.
Ај да се надоврзам на твоето и јас да прашам. И јас ќе воведувам деновиве риба, па не ми е јасно колку пати неделно се дава телешко, мисиркино, пилешко и риба. Како да ги распоредам? И риба од каде купувате во Скопје?
Ја носев бебка на контрола денес докторот ми рече да воведам овес, прашањето ми е каков овес давате и како го спремате?
Јас дадов сушена слива ја варев во вода и кајсија така ги сакаше али готовите каши не ги сака воопшто
Поголем дел од овошјето и зеленчукот ми ги има замрзнато мајка ми додека бев бремена или есента кога малиот беше уште мал за каши. Е сега некогаш ке додадам некоја сува кајсија или слива (имам уште многу здмрзнато и од нив) ако дома сме отвориле некое пакетче за нас. Морков,авокадо,компир,батат и по нешто др сега не ми текнува купувам од пазарче. @lavinija28 јас авокадото го давам во три каши. со уште две-три овошки и плус лажичка две од житариците на Холе. Мислам дека @0ли прашуваше колку количински јадат бебињата, моето јаде одприлика 250мл на оброк. Од вчера воведов јунешко и супер си го прифати. До последна лажичка си јаде се што му правам од зеленчук а со овошјето малку ме изнамачува но го анимирам и за сега ми успева. Досега му имам дадено 2-3 купени каши. Пробав од нив пред да му дадам,тоа е катастрофа на вкус и мирис. Се додека сум дома сакам да јаде домашни.
Дали за вечера давате од ноќните кутии со ад млеко и житарки тие што доите.Ако не кажете што давате некако мал е изборот за 8м бебе
Палента,сутлијаш,гриз,згмечена банана+овесни па печени како кукис во рерна,ситни макарони со малце цврст јогурт и некој зеленчук,двопек(без додаден шеќер)или лебче со зеленчуков намаз,печено јаболко.. Ако воведеш цело јајце пред годината е многу полесно.Палачинки,мафини,фритата,кифлички,има неограничен избор. Иначе давам од инстант кашите,но веќе не ги сака,па полека правам адаптација на нормална(наша) храна,секако,прилагодена за бебе во однос на зачини.
И јас давам гриз, палента, 3 жита од холе, некогаш овес+ со адаптирано. Поретко ставам малку банана пасирана или јаболко варено и пасирано колку за вкус. Најчесто ги сака 3 те жита.
Јас купив обични овесни снегулки од ДМ (не од безглутенските), две лажички овесни снегулки со 100-150мл вода, ги варам 4-5мин и после ги оставам да отстојат 10тина минути. Ги давам во комбинација со секакво овошје, блендирани заедно, како и секоја каша со житарка, да биде 1/3 од вкупната количина на оброкот.
Мајки може ли да постирате табела по која се водите повеќето од вас, јас што најдов различни ми некако. Инаку сме сњга во 6ти месец до сега пробавме јаболко 3 дена, тиква 3 дена утре сум во план брокула зедов фриком замрзната дали е во ред? Редослед и дали смееме така? Фалаа
Јас се водев по оваа табела.. З Мислам брокула да оставиш за понатаму не е лесна баш за во првите намирници..
Сутлијаш,гриз со вода или млеко ги правите.Педијатарот се е дозволено само кравјо млеко до година да не давам и според нејзината теорија дека се лепи на грлото,предизвикува кашлица и извор на ширење бактерии иако после 2 годино го воведов кај близнаците кај едното дете навистина е така.Искрено јас си купив адаптирано млеко,но пријателки сите ми велат не давај.Бебчево кашите му се многу интересни и јаде и одбива цицање .Има доручек и ручек и меѓи нив цица само 5 мин за да заспие.После ручек цица повеќе ама се е некако со сила и ми шлапка со устата бара да јаде.Почна да се буди навечер често и сабајле од 6часот почна да бара каша.200гр може и за 5 мин да ја изеде.Чекам да направи 3 недели од ручек воведен и со вечера да почнам.И реално многу работи немаме пробано.И се мислам дека кога ќе почне вечера нема ни да цица.Вода пие и тоа без проблем 30 до 50мл му давам после оброк само .Килажа е ок од 6м со оброк воведен по 500гр качува месечно.