За млечниве продукти ме чуди, нели млеко се дава после година, а како е дозволено јогурт или кисело млеко порано? Педијатарот кај вакцините ми рече да воведам јогурт (на баланс ми посочи), а кисело млеко да сум почекала после година. Јас денесс дадов едно лажиче кисело млеко бидејќи гледам од табелине дека може, а и вие имате воведено...4 пати ми рече месо да давам неделно.
Јогуртот и киселото млеко се ферментирани млечни производи, кај нив при процесот на преработка, лактозата (млечниот шеќер) е разложена,а присуството на протеините е ограничено, затоа се препорачуваат да се воведат во исхраната на бебето околу 7-8месец, плус се и лесно сварливи, за разлика од кравјото млеко.
Ферментирани се киселото млеко и јогуртот затоа можи и порано.. Јас давам кисело млеко Алпско со 4%масленост и тоа голема лажица полна со врв А со јогурт му правам попара со лебче и крка,
се навлече на групата Оваа Бојана е врв! пред некое време зборувавте за свежи урми. Најдов денес во кам. Стојат во фрижидерот
Ептен е! Одамна ги следам, применувам доста од советите. Само Бојана ја забележувам, врска немам кои се другите админки.
Мајки, ако може предлог за Домашни правени кашички, ние наполнивме 6 месеци. Досега воведовме тиква, брокула, компир, јаболко, морков. Почнавме да даваме по два оброци дневно со кашички. Зимскиов период нема многу избор на зеленчук и овошје, или немаме идеи Морковче повеќе не даваме, премногу тврда столица има од морков, дури запек. Се напнува од сите кашички, но не сака сокчиња, не сака вода, пие само АД. Дали е нормално да се напнуваат, или треба повеќе течности да се даваат, за да не се мачат при какање или да се намали количината на кашичките, т.е. да не им се дава колку што сакаат, Ве молам за совет.
Житарката треба да е третина од оброкот, пивеќе овошје и зеленчук.Течности внесува од ад млеко кога ќе го намалите тогаш ќе пие вода.Најважно после оброк нуди вода ако нејќе идма после половина до 1 час.До летоска ке почне да пие.Рецепти јас од бебе готвач.Кај моите ад млекото правеше запек иако беше со пробиотик и пребиотик јас давав и пробиотик.Моето два пати кака ако денес е само еднаш и е тврдо или малку и се мачи утре доручек е крушка и слива и многи малку житарка а и без неа.За ручек тиквица,брокула и многу малку ориз.Ако воопшто не е какан намалувам количина на храна од 150 на 100гр и ја правам потечна за доручек ставам компот од слива или крушка или од водата кај што се варело и исто и за ручек од зеленчукот што се варел.Ако и ова не поминува тогаш пробиотик два пати на ден.
Кога почнавте воведување на храна кај бебе што е само на доење и со што прво почнавте, и се околу тоа ме интересира... Патронажната вели прво со сокче да сум почнала па малку ми е нелогично директно непреработена храна да давам пример оти планирам домашно сокче во соковник да спремам кога ќе треба... Веќе наполнивме 4 месеци пред некој ден, влегуваме во 5ти.