Ако е домашно нема штета. Сум приметила телешко кога варам пола ке се стопи ке го снема. Се сложувам не е добро пречесто месо да се јаде но кога е пржено или печено. Сепак варено е најдобра опција.
Еве едно корисно линкче http://www.yumama.com/beba/0-3-meseca/3177-sta-nam-govori-fontanela.html Не е страшно, се случува порано да се затвори, ако се работи за здраво бебе со нормален раст и развој нема место за загриженост. На син ми кога беше помал му пулсираше, од памет се извадив, тоа да било некој крвен сад на главчето.
Мајки, конечно решив цвекло да дадам, купечко, немам овде можност за ништо домашно Како го припремате? И уште едно прашање. Денес беше ден за жолчка на малиот, ама не изеде од кашичката ништо, само проба 2 лажички буквално и толку беше. Смеам утре жолчка да дадам (со надеж дека ќе ја изеде кажичката) или сепак да чекам до четврток (следен планиран ден за жолчка)?
Јас цвеклото го комбинирам со ориз, брокула, морков, компир, месо, скоро со се иде. Инаку понекогаш го варам, а понекогаш само свежо го рендам па блендирам. Жолчката со што ја комбинирате? Планирам овие денови да воведам.
Јас давам и утредента, често ми се случува цела каша во која има жолчка да заврши во ѓубре. Додека воведуваш за да бидеш сигурна дека ќе ја изеде, нароси ја жолчката од горе па црпнувај го прво тој дел (нормално, со дел од кашата). Цвекло јас варам, но цело сосе лушпа. Печено не омекнува доволно.
-Можеш жолчка постепено да воведеш. -Глутен исто така(овесни,јачменови или ржани снегулки),бисквита или лепче. -урда -пиперка ако досега не си дала,боранија,карфиол,магданос,целер,грашак
Женски ми треба помош околу месото,деновиве планирам да дадам првпат,ќе земам телешко или јунешко додека најдам пилешко домашно.Ме интересираат неколку прашања,купувате поголемо парче па го сечите на парченца и замрзнувате,варете,како? Дали може сварено да се смрзне и бујонот го ставате ли во кашичките? Добредојден ми е било каков совет....и од каде најчесто купувате по големите маркети
Јас го исеков на коцки, го сварив и замрзнав со ќесички (секоја за 1 оброк) со водата во која се варела. Бујон мислиш на тие за супа? НЕ давам јас од нив, тоа е се хемикалија, сол, вегета и зачини кои што не се препорачливи ни за нас а не па за бебе. Мое мислење
МЕсо со зеленчук варам кога го спремам за јадење. А за бебе, за замрзнувач само месо. Па потоа го вадам месото да се одмрзне и тогаш тазе варам зеленчук, па ги спојувам само со водата од месото(стоплени), месото и зеленчугот. А бунјон јас знам дека е тоа за супа може грешно знам, незнам