За пилешково, др кај вакцините ми рече буквално вака :" ќе си земеш копанчиња од оние малечкине, ќе му свариш не тоа најгоре туку од месото малку повнатре што е". Овде а и на нет читам дека се почнува со бело месо, јас искрено зедов свежи копани од лудогорско пиле (бугарско) на кои пишува дека не се гмо и бла бла....И со такви воведов, само 3 пати имам дадено...Сега си велам со кашички да продолжам ко ќе давам наредно...
Па телешко давам преку еден ден (4 пати неделно), еднаш мисиркино, еднаш пилешко и еднаш јајце. Нема простор за почесто, гледам телешкото да доминира заради железото. Кога ќе воведам риба ќе ја давам еднаш неделно наместо телешко.
Тие што ги наведе плус батат, тиквица, брокула, карфиол, пашканат, кромид, ориз. Јас си правам различни комбинации од овие и додавам месо.
Имаат месните кашички и други додатоци освен месо (вода,масло, оризово брашно, скроб), а месо околу 40-50% од вкупната грамажа Имам давано говедска од хипп, па баш го читав составот Инаку месо давам 4-5 пати неделно, не знам која количина е точно, бидејќи варам пр. 300 гр свежо и го делам на 10 порции блендирани со водата кај што се варело А, ме интересира зошто не може да јаде од копан месо? Баш кога го спремав пилешкото го одделив од стекот, ама планирав и од темното да му дадам Ко да бев читала, дупло повеќе железо содржело отколку во белото
Дали ви се стечнуваат истант кашичките од Хип? Давам ориз и пченка, кога и да ги направам, по кратко време како се ладат стануваат течни. И дали може АД да се користи подолго од 3 недели, само за кашички го користам.
Јас не знаев дека не може да се дава и вчера јадеше синко копан од домашно петле и баш беше црно месото.
Даа ми се прави исто како на тебе и ориз и гриз. Зошто не знам. Ама од почетокот до завршувањето на оброк 15-20 мин макс се прсви се потечна.
Kako go cuvate mesoto? Blendirano izladeno pa vo zamrznuvac ? Kako ho dodavate bo zelencukoy. Pred kraj ili odnapred odmrznato? Ve molam za degalna postapka ako sakate da mi objasnite
Еве на пример телешко филе, земам 300гр., го мијам, го сецкам на мали парчиња и го варам додека убаво да се развари. Потоа го ставам во блендер и додавам од водата кај што се варело (по потреба додека убаво да се изблендира, бидејќи доста вода впива) Го ставам во силиконски калапи, вакви: Имаат капаче одозгора и лесно се вади замрзнатата храна од нив. Се лади, па го ставам во замрзнувач и утредента замрзнатите топчиња ги префрлам во сад кој е наменет за мрзнење, така ми е многу попрактично и плус убаво се затворени. Потоа си вадам топче по потреба. Не чекам да се одмрзни туку кога е готов зеленчукот го додавам пред блендирање, таман се одмрзнува брзо и плус ја лади кашата, што е одлично за нестрпливо бебе веднаш да може да лапка Се надевам дека помогнав
Кажете како да успеам да му дадам зеленчукова каша? Некој сивет нешто? Денес му направив нели нормално зеленчукова еден ден овошје еден зеленчук менувам. Не сака воопшто да ја јаде се тегави плаче вика се лути затвара уста, од очај додадов малку минимално овошје да видам реакција ја слапа целата. кашата беше од компир морков брокула и тиквичка.... @WonderGuurl од каде ти се овие за замрзнување?
Навечер не јаде? Видов дека сте на ад. Ние за 2 недели би требало да почнеме со вкусови, ама не верувам дека нема да сака да цица навечер. Сега цица на 3 саати и навечер
Кога почнуваме со вкусови, треба ли во кашичката да се додаде и млеко? Зборам за мајчино за да не е мн густа? Нешто мн збунувачко ми е тоа воведување на вкусови
Ќе додаваш вода. Овошјето на почеток се вари, зечленчукот исто така си се вари, така да од таа вода ќе додадеш пред да го блендираш. И ако сеуште ти е густо пак ќе си додадеш. На почеток додека се привикнуваат ќе си правиш потечни каши, како ќе поминува време ќе се привикне и ќе ги правиш погусти, па понатака само пасирани, па парченца. За тоа отом потом, ќе си се водиш спрема бебче.
Значи вода. Нема да варам, во готвач на пареа би ги правела, ама дека видов бо бебе готвач со мајчино или ад рецепти. Фала
Во каши додавам од водата што му ја купувам за пиење. Како да читав дека вода во која се варел зеленчук не се става. Сум ставала и ад, може ако сакаш, но убаво е да се навикне на тоа дека има и друго освен млеко.