Ахам, баш ќе видам, а вие свежо ли му го давате... Сега ќе почнеме со вкусови ништо не знам со што се почнува и како, не сме биле на педијатар а патронажата рече сокче од јаболка дома направено во соковник разредено со вода, така да сме почнале
@merina.93 Јас само првите две-три недели давав термички обработено овошјето,додека се навикне мешето, по препорака на педијатар давам свежо, блендирано
Јас не успеав да ја натерам да цица. 10 дена секој ден бев упорна и не сакаше. Сега е на АД само и има еден оброк
Немаш потреба од сокче. Почни со кашички. Купечки е најлесен избор кога ќе проба и јаде по 2-3 лажички. Се почнува со слива , јаболче, морков, компир, ориз, банана... Даваш 2-3 лажички 2-3 дена по ред од иста намирница и следиш дали има реакција. Со месо ќе почнеш на крај на 6ти. Свежо купував и замрнував мали парчиња за еден оброк. Пред месото можеш да воведеш житарки, за да имате оброк. Не е тешко. Ќе фатиш ред. Прелистај низ темата, ќе најдеш куп совети.
Кај нас е така ама јас почнав на 6м и цица кратко 2 оброци и сега и вечера воведов оваа недела и долго цицање е само сабајле од 5 до 6 часот.Преку ден два пати по 5 мин и тоа од една града и идто и пред спиење навечер .И се мислам дека брзо ќе се одбие или јас ке снемам млеко.
Телешко месо, грав, брокула,спанаќ понатака темно чоколадо,индиски ореви,какао. Ти бараш рецепти а јас ти набројав
Сите црвни плодови содржат железо. Најмногу аронија, боровинка, гоџи итн. Комбинирај ги за доручек со семе од коприва. Во мала количина не се осеќе. И ете ти витаминска и железна бомба. Додај и капка лимон, да се врзи железото. Просото исто содржи железо. Жолчката и телешкото. Гледај да не даваш млечен продукт пола час пред и после оброкот со железо. Можеш да даваш спанаќ со жолчка, без кисело млеко.
Јас имам на хип. 30мл вода топла со 3 кафени лажички гриз. Е сега моето бебе е 6м, на твоето можеби по густо ќе му треба
Јас му давам домашни од старт. Понекогаш кога немам време или во момонтот мм собрал се од овошје давам готова т.е. овошна мешам со житарка дома.
Под житарка мислам на просо ориз и гриз од хип 4+ што се јас ги воведов на 5+ а просото сега го воведувам за некој ден 6м прави.
На 100 милилитри една голема лажица гриз и мешаш цело време. Водата или млекото да е топло кога ставаш. Јас и го правам со битолско млеко 200мл и две лажици гриз, доволно и е за еден оброк
200мл вода со 2 супени лажици гриз. Водата пред да почне да врие го ставаш гризот и мешаш додека не се згусне. Од прилика 5 мин.
Мајки сакам за неколку дена да воведам вечера. Бидејќи немаме пробано јајца и млечни, ќе останеме на класичната вечера засега, житарка со млеко. Сакам со ад да мешам, да земам за почеток од она pre ha што е за новороденче. Многу ли се разликува составот од тоа што е 1 или 2? (Знам во 2 има казеин плус, верувам е и доста похранливо) И уште нешто, кои житарки ги давате за вечера? Просо, овес, гриз, палента, инстант мешавина од хип... да ме дополните уште што би можела да доземам? Ах да, нешто овошјенце додавате ли навечер или само житно млечна?