Кога почнав со вкусови се што има купечка каша,првиот ден вториот домашна.А сега само праска,слива и кајсија купечка.Ама имам и резерва некоја ете кога се нема време
Овошје избегнувам за вечера да давам, ретко ставам ептен, понекогаш ако е со вода инстант каша и нема млеко. @Katerina94 Домашни каши правам од почеток, но секогаш имам и купечки, ми се наоѓаат.
Јачмен, пченица, спелта. Мислам дека овие не ги спомна. Уште 'рж ми фали, тоа уште не сум вовела, но во фамилија имам алергични, па затоа чекам уште малку.
6 и пол месеци сме со вкусови почнав од 5м. Доручек веќе имам воведено пред една недела овошје со житарка (околу 90-120гр си јаде) , и исто една недела како давам и ручек зеленчук со ориз ама по 20-30гр, за две недели веќе планирам и ручек да и давам повеќе т.е едно мало тегличе. Сакам да воведам телешко сега и пилешко домашно па да прашам како да го дадам, нели од сабајле се дава ново а ние овошје имаме, дали да дадам малку за проба сабајле па да си дадам доручек овошје или попладнето со зеленчук да и дадам? И што друго од житарка давате за ручек?
На интернет има се и сешто и ти треба да си одлучиш што е правилно а што не. Само незнам зошто ја фрлаш водата каде што се варел зеленчукот и ги фрлаш минералите. Јас ја фрлам водата од просото, бидејќи се кисне одвечер, за спанаќот бидејќи кратко провријувам и секако за гравчето.
Телешко може да воведеш во време на доручек, три дена да даваш зеленчукова каша за доручек. На пример тиква, тиквичка, морков и телешко да ставиш за да воведеш.
Оли,јас гризот го правам пола/пола,млеко и вода,и кога ке почне да врие ставам гриз и мешам на ептен тивко 10 мин.Многу е кремаст,како пудинг доаѓа,особено ако ставам урма внатре,и јас се давам во него) @Thallia во друга тема ме праша,но овде ке пишам.Босилек,оригано,кари,рузмарин,знам дека смеат да се користат како зачин пред годината. Нане не,не знам зошто,и магдонос,дека е диуретик.
@dunika урми кога воведе и како ги припремаш за доручек? И зачините што ги спомна погоре кога ти се воведени?
Да,кравјо. Ако не планираш да воведеш до годинка,тогаш направи го со вода,па додај АД.Не сум сигурна како ке излезе,во секој случај нека е потечно,па остави да се згусне 15 мин,само од себе. @firequeenn за урмите имам пишано,ги ставам во водата што врие,да смекнат,па додавам млеко,се загрева и тоа,па гриз. 8+,и урмите и зачините.По една урма на оброк,многу шеќер содржат.
А дали ако сум давала Семолина од Холе, не морам да воведувам гриз како нова намирница? Тоа е истото, така?
Колку често давате кисело млеко на вашите малечки? Моиве имаат 9 месеци и го обожаваат, можеби скоро секој ден јадат, се надевам не е проблем
Здраво Јас имам две прашања: телешко месо колку време може да стои во замрзнувач? Мислам колку време варено, а колку неварено ако знае некој да ми каже? И црвениот и белиот батат го рачунате како една намирница или се воведуваат посебно ?