Правев cheesecake за нас, па викам да пробам и за бебето. Следен пат ќе и направам повеќе. 1 бисквит лобело ја здробив 1 лажица кисело млеко баланс 1 лажица каша на Био дм од јаболка, малина и боровница Со сласт си ја изеде ужината
Деновиве интензивно ја пратам темата бидејќи за кратко ќе треба да почнеме со вкусови, буквално ваква сум Колку повеќе читам, повеќе се збунувам. А, ќе речеш второ дете, треба искуство да имам страв ми е на почетокот да не нешто згрешам, за понатаму си знам јас. А и пред 6 години и сега не е исто Тогаш педијатарот ми беше изштампал прирачник од кога што и како да воведувам, сум го фрлила тој отиде во пензија и сега новата не знам колку е спремна да се расправа со мене и затоа си нарачав книга од Амазон со сите битни работи околу исхраната на бебињата, плус рецепти за спремање на истата.
За почнување со вкусови... почнавте со кашички готови или готвевте? Не знам за вкусови колку би требало да ставам во бебе готвач
Земав готови од сите што има посебно и плус готвено, прво една лажичка од готвеното па од тегличка.И гледав кое го сака повеќе Кога воведовте доручек т.е. овошни каши?
И јас прво планирав купечки за вкусови, ама сепак домашни му правев, само оние што не се во сезона ги давав од тегличе. Неспоредлив е вкусот на купечка од морков и домашно приготвен итн.
Ако имаш каде секогаш био да најдеш топ! Веројатно не си во мк. мене па не ми се грди. Морков ко морков. Ко ќе се свари, тоа е
Која риба би било најдобро да ја дадам прва? Дома најчесто јадеме пастрмка, лосос и ципура. Имам препорака да дадам и од тие малите риби во конзерва-сардини, ептен биле здрави, ама дека конзервирани незз...
Јас сега на 10 месеци дадов пастрмка прв пат. Многу е досадна за чистење. Кога зборав со патронажната сестра за рибата ми рече дека по ново сега препораки за воведување на храна кај бебиња рибата била на 8+.
Мајки значи ние две недели веќе кско пробуваме вкусови до сега имаме јаболко, тиква, тиквица, морков, пашканат, компир. Утре планирам авокадо. Кажете ми од кога да почнам да му давам по повеќе односно кпга ќе му боде воведен оброк наутро и по колку ттеба да е? За 10 дена полниме 6месеци.