Оброк се рачуна ако дваш овошје/зеленчук со млеко или житарица? Дали заменувате млеко само со овошна или зеленчукова каша?
Стварно??? Еј, знаеш што? Крупњак зедов да го гуглам, знаеш што е според Вукајлија (не Вујаклија, да не се разбереме погрешно)? Оргија со дебели луѓе. Крупник, Елче, крупник
Црвената пастрмка лесно се чисти и нема многу коски, таква планирам да земам парче 800/900гр, ќе јадеме и јас и мм тој ден и на синко ќе дадам. Нема да ставам сол, само маслиново и тоа е тоа.
На 7++ воведов, вчера прв пат ставив малку путер во зеленчукова каша, бебка одвај две лажички проба па не ми се виде како воведено,затоа денес дадов јогурт со овошје па ќе продолжам со јогурт следните два дена.
Бабицата ми даде зелено светло за вкусови, ама ми рече "дај му колку еден нокт од мал прст од она што вие јадете и толку. Ај некој нека ме упати како да почнам. Сакам прво со житарки, па зеленчук, па овошје на крај. Инаку син ми е 4 месеци. П.с. Ја инсталирам бебе готвач сега.
Не мора да има житарка на почеток. Може и само овошје или зеленчук. Се што е над 80гр мислам беше е оброк. Само без житарка не ги држи доволно сити. Па затоа подобро е да има и житарка.
И јсс се спремам да почнам ама ми е кажано со овошје и зеленчук дека се почнува. Житарки малку подоцна. А како ти рекла од тоа вие што јадете? Бебе не смее зачинета храна и воопшто вие што јадете е широк поим, може ќе има месо или млечни производи и 300др раб што се уведуваат покасно.
Исто и мене ми беше чудно. Нашата храна содржи силни вкусово, кромид, лук... Не верувам дека е добро за бебешкото меше, затоа и прашувам тука, не добив добар и доволен совет.
@PurpleMind Можеби си спомнала некаде наназад, извини ако е така, но дали има причина од 4 месеци што ти рекла да даваш храна?
Не знам. Вчера бевме на преглед, со доење и плус ад еднаш до двапати дневно детето си ја следело таа нивна нагорна линија по која се водат, е сега ми предложи да почнам да му давам по малку храна да ја вкуси. Веројатно затоа што е големо бебе.
Ако убаво си напредува со цицање и со ад, може да почекаш уште некое време. Ако е само за онака, затоа што дошло до долната временска граница за почнување, тогаш не е проблем да се продолжи со млеко. Наједноставно е додека е само на млеко, кујната и храната посекако ќе дојдат на ред. По колку млеко пие дневно? Штом не стагнира долго време, си напредува, мислам дека те избрзале со вкусови. Како си сакаш, но ете ќе ја тагнам @LadyC, нејзиниот дечко е голем, а и' рекоа да почека со храна, да не дава толку рано. Мислам дека нејзиното си напредуваше нормално и немаше други причини за почнување толку рано. Сега, секое дете е за себе, но ете искуства се споделуваат.
Треба за 1 недела да почнеме со вкусови и ништо не ми е јасно...препорака од педијатар е да почнеме со зеленчук...е сега, не ми е јасно како треба да е распоредот со пиење млеко и оброк....зеленчукот би бил ручек вееојатно....се буди, млеко, па каша, па после колку време млеко пак? После зеленчукот, вода, сок, чај? После колку време втор оброк? Збунка сум
Полека мајка, не си ни почнала со вкусови а спомнуваш втор оброк.. На почеток ќе даваш по 2-3 лажички и тие дали ќе ги изручка.. Еден ден даваш 2-3 лажички па нареден ден зголемуваш, ако даваш по три дена третиот ден колку сака нека ручка ама не очекувај дека цела тегличка ќе јади од одма.. Немаш оброк во првиот месец само пробува вкусови.. Јас одприлика по 1.5 саат после млекото давав да проба вкус..гледав да не е ни гладен ни сит и наспан за да сака иначе не сакаше уста да отвори.. Почни со што и да планираш и полека не брзај за оброк.. Оброк е кога ќе замениш едно млеко со каша а тоа тек по 1 месец.. Нуди вода, чај и сокче јас не давам сеуште а е 9 месеци
Што мислиш за Хип? Имам неколку па дали да ги искористам или да купам други. Нешто ме напнаа со Холе демек најдобри биле
Ја печам под фолија. На почеток маслиново,малку сол,магдонос лимон и малку вода. Сега на поголемава со сончогледово. Пола саат под фолија па тргаш на кратко да се подпечи. Најчесто со микс зеленчук и компир,или зеленчук и ориз.