На 4м преѕежно е зеленчук компир,мирков,тикица и тиква.Па по некое време овошје јаболко,крушка,банана,слива Се препирачува варено и по некочку лажички и да не се комбинираат.Една намирница два до 3 дена.Може и ориз и палента ама јас би почекала на 5м и тука ќе можеш и еден оброк да воведеш.Се дава шо некочку лажички и постепено се зголемува.Купи си готови мали кашички и отворена може 2 дена во фрижидер да се чува.Ние што јадеме може се да јадеме и.љуто и благо и стоено и свежо така да не ти препорачувам таков совет.Има една реченица кај нас ,Се давам и ништо не му е"ама покасно се манифестираат многу работи.Така да пополека и по малку внесувај,цел живот ќе јаде храна и се ќе проба
Да кажам што направив... Го приметив како ме гледа кога јадам и ја отвара и он устата и ми падна жал, не издржав и му купив готова кашичка со морковче. Правеше фаци, ама касна и после ја гледа лажичката и чека уште со отворена уста. Му дадов да цица колку и да ми беше жал, не му е навикнато мешето на храна и сакам да тестирам да не има алергија на некоја храна. Битно се изнасмеавме.
Хахаха ме изнасмеа кај нас па дека падна снег и собирам правам топче од прозор и викам ај да пипне, да види малце тоа како му го носам отвара уста да јаде викам види го црвец а не сме почнале уште тек мене за 2 недели ми кажаа вкусови да почнеме
Каков ориз користите мајки? Мелен или цело зрно? Ако користите мелен од каде го купувате и каков? Со поголемото детенце кога спремав каши со ориз варен ставав во блендер ама се лепеше и не се мелеше, т.е не правеше мазна кашичка
Сакам на малата да и дадам лепче со к.млеко па сакам да прашам какво лепче давате.Дали бел или може интегрален?Или да почнам да пробам со двопек навистина незнам. Аа и да прашам дали некоја има давано бејби спанаќ?
Прво почнав со инстант од Холе, па се префрлив на зрна. За да се изблендира убаво, треба течност да ставиш. Ако даваш месо, може од водата во која се варело или чиста вода. Густина дава оризот и не се блендира без течност.
Девојки... во ова на Хипп baby first semolina видов дека има сурутка (млеко)... Ние сме 7м и немам воведено млечни... да ја одложам семолинава за после млечните така?
а млечни од кога се дава? и со што да почнам прво? До сега н3како се снаогав со овие 10тина намирници, сега за 7месец некако збунка сум што се воведува
имам се, холе, хип и бејби лав. Зависно што ми треба како вкус, тоа земам, немаат сите исти комбинации.
Мајки, гледам некои од вас пишувате дека почнувате со вкусови уште од 4мес. па малку збунка сум. Знам, зависи и од самото дете. Ние денес бевме на редовен преглед кај педијатарката (инаку сме 5м) и ни препорача да почнеме со вкусови од 6м Според неа нема подобро од мајчиното млеко до 6м. Ни даде упатства што како и од кога се воведува... Е сега, малата ми е заинтересирана за храна, кога јадеме за грев е, само се оближува голтките чај ми ги брои Се мислам да почекам уште најмногу 2 недели и да почнам да и давам по малку. Ако чекам 6 полни месеци, додека да проба од се, некако многу ми стои? Вие што мислите?
Моето многу млеко пиеше и морав од 4 месеци да почнам со вкусови и оброк да воведам утре 5 месеци правиме . Ако бебе е заинтересирано пробај дај му ако сака да јаде добро . Јас на почеток по течни му ги правев и така му се свиѓаа сега малце по густи одма се мршти и стиска вилица