И најадено кога ќе е, пак ќе те гледа како да не јадело Му давав вечера, па седнувавме да јадеме со мм, а тој нè гледа и мљацка како да не јадел. Прво почнавме да не јадеме пред него, а сега темпираме и заедно јадеме
Срце јадач ли е барем или само си мљацка? Затоа и педијатрите препорачуваат штом почнат да јадат да седат на маса и тие, да стекнат навика. Пак ќе речам, зависи од детето. Син ми не го занимаше храна, пробав да јаде и пред нас и со нас и после нас, не и не. Устата со сила ја отвараше и плукаше. Сега со сестра му мерак ме фаќа кога ја гледам заинтересирана за храна, само да не ме изненади и таа. Уште еден нејадач не можам да поднесам. Едит.
Не е само мљацкање Само што ќе го види чинивчето, плаче со солзи. И морам да запазам брзо темпо со лажичката инаку 'ржи и вреска. Почнав со вкусови по малку од 5 и пол месеци, само по некоја лажичка, а кога направи 6 месеци, воведов доручек прво 50 гр и постепено зголемував. Давај тогаш кога мислиш да почнеш, искористи штом е заинтересирана
Сега гледам, тоа со приборот не ми се едитирало. Сакав да прашам за чашата, на неа стои 0+ дали ќе може да ја користиме за вода или малку ќе тече? Инаку мм ги земал од ИКЕА, ако некој веќе ги има нека сподели дали се ок.
ист совет добив и јас. Супер напредува и од 6 со дохрана. јас сум во план на 5,5 да почнам па до 6 да стасам до оброк.
Утре сакам да и дадам на малава првпат урда, планирам со палента , кисело млеко Колку лажици да ставам за еден оброк и до кога може да ја искористам истата , бидејќи гледам 400 гр е ?
Урдата дека е несолена мислам дека не издржува повеќе денови. Јас планирам да ја распоредам во теглички од каша и да ја замрзнам па по потреба да си вадам.Не сме со мм обожаватели на урда инаку ќе си одделував дел за малата а остатокот ќе си го насолев за нас.
Јас кога ќе купев таа недела два пати ќе им дадев и толку.Незнам колку е безбедна да се чува и на кој начин па затоа и ретко ја давам.
Од кога почнавте чоколадо да давате? Патронажната сестра ми кажа покрај какао да почнам по малку и чоколодо да давам,уште 9 дена ке полниме 9 месеци.
Ако ги слушав патронажните на 6 месеци со жолчка ќе почнев Секој си прави како си сака и како планира да си го храно детето. Јас лично и после 1 та година ќе размислам за чоколада
Какао органско на 8 дадов,сега е година и дадов чоколадо ми го исфрли,веќе не планирам да дадам.Нема потреба.
По мое нема ништо ќар. Кога ми кажа така одма ја прашав дека нели е мала,ми одговори дека било добро демек за железо. Инаку какао и давам од онаа на ДМ
Ако си јади бебе блитва,спанаќ,просо,месо...жолчка .. леќа , ете ти железо . Кешки тоа да јадат за благо најлесно ќе биди
Како го совладаа лебот вашите бебиња? Сакам да дадам лепче и американски палачинки ама некако одложувам. Лесно ли се снајдоа? И на колку месеци дадовте?
На 8 дадов и од тогаш и овошјето го јаде со леб Почнав секој ден да правам проја, палачинки и сл за да не давам леб.