"Dance27, post: 5476090, member: 128756"]Од кога почнавте чоколадо да давате? Патронажната сестра ми кажа покрај какао да почнам по малку и чоколодо да давам,уште 9 дена ке полниме 9 месеци.[/QUOTE] Јас торта за роденденот кога полнеа 1 годинка,а баш чоколадо сега пред месец дена а се 2 год и 3м животинско царство и едното близначе се гади само пудинг јаде.
Овесните снегулки ги варите или не? И каков сооднос правите со вода:овесни? И дали со топла вода ги покиснувате? 11+
Како што пишав, му воведов цело јајце околу 9ти месец и немаше никаква реакција. Денеска докторката во диспанзерот и матичната ми рекоа да прекинам да давам белка до година, исто и риба да воведам после година. Во паника со малиот од вакцините не ми текна да прашам зошто да не давам белка кога супер ја прифати. Дали некоја знае дали е здравствени причини во смисла не е добра за пред година или чисто дека си го има тоа 'правило' кај нас одамна? И за рибата сега сум во мисла. @RAK91 Ги варам сите житарици сеуште, планирам до година така да терам, а вода ставам од прилика зашто после ги цедам и ги мешам со млеко, па не ми менува количината.
Од онаа во средината му имам дадено за вечера, другите ми седат дома, но уште ги немам отворено. Кога како, некогаш ги варам кратко со јаболка како пудинг доаѓа ептен убаво. Некогаш ги потопувам со жешка вода 10тина мин и така ги давам
Како ја покажуваат алергиската реакција ? Вчера дадов кашичка со крушка 3 лажички не приметив ништо денес дадов малку повеќе ( не ги изброи точно) како да ми се вцрви кај очињата и накај челото во тој правец. Баш буквално додека јадеше. Кога приметив веднаш прекинав. На друго место по телото нема ништо нигде.
Прво ги потопувам во ладна вода, па ги варам. Не гледам сооднос, гледам да има вода над нив и на тивко варам бидејќи загоруваат на дното. Мешам постојано и додавам вода, густо се прави и не цедам. Да напоменам, не цедам бидејќи мелени ми се, ги сомлев суви цело пакување и така ги чувам. Потоа само со млеко ги мешам.
Не личи на алергија по описот. Би требало да се појави на вратчето, мешето, грбчето ама којзнае, па и на круша алергија е ептен ретко. Помина или уште има црвено?
Здраво.. дали некоја од вас има варено зеленчук на бебе во airfryer? Или е подобро да се купи готвач на пареа специјален за бебе? Фала однапред.
Нема ни на вратот ,сега гледав пополека се повлекува. Ама баш одеднаш се појави онака изразито црвено и накај челото и накај косето и на брадата малку и се појавило.
Од моето скромно знаење мислам дека не е алергија зашто не може толку брзо да помине и да се појави само на тоа место. Ако ништо друго немаш сменето или да било топло дома, може да е мала реакција. Паузирај ја крушата и пробај пак после неколку дена. Каква круша даде? Да не била некоја прскана, па да е реакција на пестициди и тоа е можно. Нека цица денеска повеќе. Ако се појави пак црвенило денеска или утре јави се на педијатар.
Вчера беше малку потопло дома. Ама од тоа и се направија обравчињата ,знам. Ама кај очињата и на брадата немаше ич ништо. А додека и давав се вцрви одеднаш. Готова кашичка на хип и давав е мешавина со јаболче е ама јаболкото ни е воведено уште од пред една недела ,убаво го прифати. Не и давам ако не утре круша. Ќе ја одложам.
Овесни некогаш варам,класична каша,а почесто само ги потопувам 10 мин.Утрово правев колачи од згмечени банани,овесни и малце кокос,па ги печев 10 мин на 180.Ептен и се допаднаа.
Кога ги варам ептен се распаѓаат и не ми се прави како каша. Не јадам лично јас и не знаев точно како се спремаат. @dunika рецепт @Jana06 јас белка уште немам дадено баш ради педијатарот, да сум чекала до годинка. Не знам зошто. А риба на 10+++ му дадов пастрмка, а лосос уште од 8, од кашичките на хипп.
И на моето од секое јадење му се прават така и кога пие млеко во еден здив го пие дури и солзи му течат некогаш очите како да има цел ден плачено му се прават.Како што ти кажа и Јана ако би било алергија нема да се изгуби одма
После година што давате од зачини? Јас давав на моево за вечера, освен таа во средина. Сега ми ги одбива. А грицките ги сака.
Рибите обично содржат некој процент на жива,а највеќе содржи туната затоа и за нејзе е кажано максимум три пати неделно дека смее да се конзумира.А за белката обично знае да јави алергиска реакција МРП вакцината содржи белка од јајце,ако не ти појавила алергија до сега нема ни да ти појави и сега знаеш дека можеш да ја вакцинираш
@RAK91 ете го погоре Нема ништо посебно,гмечиш две банани со вилушка,додаваш овесни од мелените колку да згусне,но не премногу,и една лажица кокос,мешаш пак да се соедини и со лажица на пек хартија редиш.Во загреана рерна 10тина мин на 180.
Па јас секако ќе давав слатководни барем на почеток. Такви големи морски и јас ретко јадам. Она не ми нагласи ништо конкретно, само општо рече риба после година. А за белката не можам да сфатам ако нема реакција зошто да не му давам пред година. Сите педијатри кај нас истото го препорачуваат, а секаде во странство цело јајце се дава пред година.
@dunika а можи на ова да се додади и од тие путерите? Мојата тој со бадем го јади на печено лепче а денес зедов и од лешник па планирам и тој исто да и го давам. Не сака веќе да јади каши туку ситно сецкано овошје и тоа сама да го става во устата и така не можам никако да и подметна житарка.