Во деновите кога не вечера постојано се буди во текот на ноќта за цицање. Синоќа и дадов за вечера гриз на Хип со пола банана и си спиеше мирно. Дали тоа значи дека на оваа возраст е време за три оброци секој ден? 7+++ сме. Кога воведовте вие трет оброк?
Да се консултираш со друг педијатар ќе ти каже сосема друго ако дете јаде давај му, ако нема мака ако си сака зошто да не? Кога веќе си дала мое мислење е да продолжиш, за се не треба педијатар да се слуша. Ете пример за белката ти кажав содржи вакцината според нејзе не давај белка ама вакцината може да си ја прими ќе ти каже, што нема никаква логика Ако можеш консултирај си се и со друг педијатар матичните педијатри и по приватниве клиники имаат сосема различен став што до негде ја повеќе им верувам на приватниве зошто нон стоп се еднуцираат, а матичните имаат заглавено во 19 век и сите исто ги третираат
@MikicaBt секако дека може,уште побалансирани ке бидат. И мајата одамна не јаде каши,сака парчиња и така тераме.
А житарки како и подметнуваш? Овошјето не држи многу.. Плус и сама количински не можи многу да изеди? @dunika
Еве вака,во колачи,мафини,палачинки,лебчиња. Не се секирај премногу околу количината,1/3 треба да е житарка,не цел тањир со малце прилог,погрешно мислење е тоа. Во ручекот гледам да внесе 1/3 скроб или јаглехидрат,1/3 железо(месо,јајце,грашок,спанаќ)и 1/3 зелечук,значи да е избалансиран.Тоа ми е поважно,отколку да изеде пр 200 гр чист ориз.
Па се согласувам во тој поглед ама конкретно за белката усогласени се Јас во Ремедика кај др. Марина го носам и она на секој преглед ми повторува како да воведам жолчка ама си ќутам зашто ме искара за наут што му воведов, па за белка којзнае што ќе ми каже. А денеска на вакцина бевме и таму ми рече педијатарката во диспанзерот, па после бев до кај матичната (кај неа одам по потреба само) и таа истото ми го рече. Немаше да имам збунка во глава да ми даваат совети без осудувачки погледи
Толку време си му давала па сега проблем демек, според мене давај на дете да јаде после да не биде да не јаде воопшто, доста протеини има во белката ти не и даваш секој ден белка сепак твое си е дали ќе продолжиш
Малава се вчрвенуваше кај очињата скоро од секое овошје кога почнавме со вкусови. Бевме на детска клиника на имунологија ,мислевме ќе кажат интолеранта на фруктоза ама било реакција на киселоста на овошките. Паузирав овошје две недели после постепено и давав ама само домашни каши 8 месеци сме ако и дадам готова каша слива круша праска појавува малку црвенко кај очињата Готовите каши имаат повеќе киселини и шеќери
Брокула кога дадовте? 5+++ пробуваме вкусови, досега јаболко, круша, банана, слива, праска, тиква и компир. Што е следно? Мислам може ориз, маж ми купил брокула да не е рано за неа?
Фала ви @Jana06 Се разбуди со поминато и кај очињата и кај брадата. Прв пат од крушава вака прави ,па ќе ја паузирам утре нешто друго ќе дадам.
И моево инстант кашите не ги сака повеќе, а цел магазин дома . Грицките ги гледав во ДМ имаат сол и не зедов А бисквити на Холе каде да побарам ?
Дали ја имате дадено оваа кутија и како ја приготвувате? Пишува со кравјо млеко ама какво? дали чисто или со вода да го разредам? Дали се затоплува? Џабе ја зедов кутијава
Два дена по ред му мешам овесна кашичка од оваа со мајчино млеко или со формула. Пишува +4 месеци на кутијата. Му давам една лажичка овес помешана вчера многу млеко, денес покашесто. Јаде, ја отвара устата и чека уште, а мене ми е страв затоа што го тестирам да не е алергичен и мешето не му е навикнато. Знам дека е мал за да воведам оброк, дури и за вкусови, ама срце ме боли што не можам да си го наранам на раат.
Да немав домашно, ќе користев од Бучен Козјак. Со овошје, со житарки може да се комбинира. Сега за вечера јадеше палента со кисело млеко.