1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.796
    Нема кај нас,и јас прашав во неколку аптеки, тие на Хип, Лино и ЛоБело содржат шеќер колку што знам па гледав и јас таков рецепт како што го постира @dunika да направам домашни, само да знам дали се ронат и/или лесно се топат во уста. Мојата нема заби а е скоро 8м да знам дали можам да и ги понудам.
    И дали наместо кокос (кокосово масло) можам да ставам путер несолен?
     
    На Snowflake92 и WonderGuurl им се допаѓа ова.
  2. RAK91

    RAK91 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Јас му давам. Повеќе е како ужинка дека со 100мл е. Го правам со битолско млеко и ја сака бебе.
    Малку го топлам млекото и мешам со 4-5 лажици. Со 6 е ептен густо.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    1.010
    Допаѓања:
    2.331
    Пол:
    Женски
    Овде прочитав најмногу ги фалат Алпско и Бучен Козјак.


    Инаку, бисквити немам дадено сеуште. Само од инстант кашите на Хип бејбикекс, но тие не содржат шеќер.
    А, вистина бев да земам неколку Хип овошни и се запрепастив дома кога видов дека има шеќер во нив :x тие видови не сум ги сретнала кај нас, а овде се продаваат. На пример првпат гледам чиста кајсија, сите што сум ги земала до сега биле мешани со јаболко ама без додаден шеќер


    Едит: еве еден рецепт кој планирам да го пробам: 3 банани, 3 моркови, 1/2 јаболко, 125 гр омекнат путер, 500 гр спелтино брашно. Ситно се рендаат морковот и јаболкото и потоа се додава изгмечената банана, путерот и брашното. Се печат на 200ст околу 30 мин
     
    Последна измена: 18 февруари 2021
    На mother_nature, Thallia и Maja92@ им се допаѓа ова.
  4. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.743
    Допаѓања:
    19.820
    Кај вас е многу поразлично. Тука на пример се почнува со вкусови од овошје и зеленчук. Мојата листа е прво Јаболко, банана, кајсија итн...
    Таму што ти викаат да дадеш колку шѕо јаде?
    Тука прв ден даваш 2 3 лажички, втор 5 6 а трет 80-100гр не повеќе
    Можеби кај нас е "позастарено" во однос на вкусови
     
  5. Lady Leona

    Lady Leona Популарен член

    Се зачлени на:
    2 април 2017
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    1.504
    Пол:
    Женски
    Фала ти. Ќе побарам
     
  6. Lady Leona

    Lady Leona Популарен член

    Се зачлени на:
    2 април 2017
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    1.504
    Пол:
    Женски
    А да прашам која вакцина на 9 мес ја ставате?
     
  7. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    3.606
    Тука ми рекоа да му давам од тоа што ние јадеме да проба малку, колку ноктот од малото прсте, таа количина. Мене ми беше нелогично да му давам на бебе зачинети и солени храни со месишта, па одлучив овака, по една лажичка три дена, после пауза, да видам дали ќе покаже алергија на некоја храна. Ѝ реков на педијатарката дека планирам да почнам со кашичка и зеленчук, на крај овошје, рече дека добро размислувам. Што знам, многу малку вовед добив.

    Едит: Сега читам на државната медицинска страна што ја имаме во Шведска и стои ова:

    „Најрано од четири месеци, можете да му дозволите на детето да вкуси дел од вашата храна ако е заинтересирано. Може да му дадете на детето да проба со мала лажица или на прстот.“
     
    Последна измена: 18 февруари 2021
    На Thallia и Milkiway им се допаѓа ова.
  8. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.743
    Допаѓања:
    19.820
    Ако имаш можност побарај и второ мислење од друг педијатар
    Конкретно и јас од мојот малку вовед добив, повеќе научив овде што читам. Штом дале зелено светло за тој начин терај
    А ти рекоа да броиш лажички кога ќе почнеш или да дадеш колку што јаде?
     
  9. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    3.606
    Види ми го едитираното, сега прочитав. Ќе фатам да читам и по шведски форуми, баш да видам како прават другите родители.
     
  10. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.743
    Допаѓања:
    19.820
    Баш сподели ме интересира како функционираат..
    И колку време трае тоа пробување вкусови а кога се почнува со оброк. Исто ако дознаеш сподели ;)
     
  11. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    3.606
    Според официјалната страна, од шестиот месец. Ќе споделам, баш да направиме споредба.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  12. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.040
    Допаѓања:
    48.409
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу
    Дали го разредуваш со вода?
     
  13. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Да, и јас барав во зегин,немаше.
     
  14. RAK91

    RAK91 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Не. Скоро месец дена му правам некои од кашите со тоа млеко.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.549
    Допаѓања:
    4.328
    Пол:
    Женски
    Дали е правило оброк да се воведе после 1 месец од почеток на пробување вкусови? Или може и порано?
    Имено, мислата ми е следна: бебе е на ексклузивно доење и е 4+++. На последната контрола матичниот ни спомна со храна да почнеме од 5, сигурно сега ќе потврди на месечната контрола. Јас планирав и сакам да почнам од 6 полни со пробување вкусови бидејќи добро напредува и имам млеко.
    Она што ме мисли е дали ќе стигнам да воведам 2 оброци + 2 ужинки до 8+? Од 8 ќе почне во градинка и се мислам дали ќе стигнам да му воведам се до тогаш...
    Матичниот не ми е баш поуздан за ова и за да ме советува, стварно не знам со кој да се консултирам..
     
  16. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Не е правило, може и порано ама се зависи од бебето. Што ако е нејадач? Ако почнеш од 6 месеци мислам дека до 8 месеци би вовела 2 оброци и една ужина, ако си јаде и си бара може ќе успееш и втората ужина. Ама знак прашалник е втората опција, што ако не јаде...
     
    На Izzy_0504 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.041
    Допаѓања:
    5.456
    Пол:
    Женски
    Кај мене Којич има пишано да воведам белка на 8месеци, таква рестрикција за белката прв пат слушам.
    Мафини се ова или како пита?
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    1.010
    Допаѓања:
    2.331
    Пол:
    Женски
    Не, туку како мали колачиња се печат, произволно оформени
     
    На Butterfly1107 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mila_Skopje

    Mila_Skopje Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    1.414
    Допаѓања:
    2.643
    Пол:
    Женски
    Го изгњавив вчера Виктор околу кашичкиве ама се ми објасни. Ми рече од што сакам да почнам зашто има шанса да не ми сака зеленчук чим проба овошје, секое дете разчично. Она што ми потенцира, прв ден пример јаболко 2 лажички па пауза од 10мин па пак 2 лажички па пак пауза 10 мин па пак2 лажички и толку. 2 ден пола, 3 дена цела каша од 100гр мах ако сака. Исто рече јаболко, морков и банана не едно по другп да не направат запек, значи можело јаболко па слива, банана па тиквичка и сл. Може ќњ ти помогне ова :)
     
    На ni.na, kukla21, Izzy_0504 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Mila_Skopje

    Mila_Skopje Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    1.414
    Допаѓања:
    2.643
    Пол:
    Женски
    Види според европските препораки треба оброк од 6 месеци, а вкусови од 5 ипол. Ние сме исто само на доење и одлично ни оди и затоа педијатарот одложува дохрана се до 5 ипол. Вчера го разговаравме баш ова, а тој е ептен поборник за доење и цело време ме охрабруваше да не давам дохрана дури и кога имавме жолтица. Така да пак е твое да си одлучиш ама не се плаши да почнеш и на 5 и нешто, не мора да значи дека нема да сака доење. Искрено јас сакам да ја дојам многу пивеќе ама ќе морам да ја прекинам на 11 месеци поради ковид вакцина (здравствен работник сум) :(
     
    На kukla21 и Izzy_0504 им се допаѓа ова.