Е сега да ве прашам телешко какво и од каде зимате, порачавме демек проверено да ни донесат уште пред пола месец абер нема да стигне, имам дома домашно пилешко дали да дадам пилешко ако не прво?
Ахаа благодарам Е на мојата првите два пати имаше боцкања во двете нозе а третата пат само во едната.
@Dance27 епа вие сте ја примиле... Сега после годината бустер на таа вакцина треба ама шо е то не знам.
Ај да прашам уште еднаш, какво млеко користите за готвење? И каков леб давате? Сакам да му мачкам лепче со авокадо, печено лепче со моцарела и јајце да јаде ама не знам каков леб да купам Има на групата здрава храна здрави деца ама рецептите се со шеќер и сол
Јас давам обичен леб црн ние како што јадиме и го обожава... Печено лепче давам со путер од бадем или лешник и лепче со кисело млеко.
Можеш да му замесиш по било кој рецепт и најбазичниот нека е, без сол и шеќер. Јас и квасец не ставам ама се рони и многу збиен. Мене не ми е проблем зашто не му мачкам туку му го кршам сам да јаде. Стави една шолја пченкарно и 2-3 било какво интегрално, р'жано, спелтино, оризово, вода, маслиново масло и малку пециво. Млеко веројатно мислиш на тетрапак, уште немам ставено во ништо, во секој рецепт го заменувам со јогурт.
Јас почнав прво со пилешко од готова каша бидејќи и нас не ни е стигнато телешкото, а и најлесно е за варење, иако знам дека препораките генерално се прво со телешко. Кога сме кај пилешко, дали некој има порачано од тука? https://www.facebook.com/vasafarma/ ? Пишува дека е природно и домашно
Обично малите фарми се безбедни, но побарај им информации за содржината на концентратот. Мада да бидам искрена, јас би почекала до година.
Ептен сум скептик кога е пилешко во прашање затоа и тука се консултирам, фала Јана. И друга мака имам, бебка упорно одбива да јаде зеленчук, не знам што да правам. Пробав блендирано, пасирано, не сака, пробав парчиња зготвени на пареа и сечени на ленти, само ги допира и ги пушта, како да не и се допаѓа текстурата,до уста воопшто не ги носи, пробав гладна и помалку гладна, пробав со нас на маса, никако не оди,не знам што да пробам друго. Значи воопшто не отвора уста дури ни да проба. А наутро овошната каша со житарка ја јаде без проблем, од кај знае дека ова за ручек што го нудам не е убаво како утринското?
A da probas da stavis malku ovosje na pr jabolko vo zelencukovata kasa? Mene toa mi uspevase eve sega i cist zelencuk pocnuva da jade
Се пријавувам со лаком цицач и по воведување 2 оброци. Почнавме со вкусови на 5 и пол, утре прави 7 и се уште цица на 2часа/ час и половина. Така што, се согласувам дека не мора да значи дека нема да сака доење исто како и претходно.
И јас го имам истиот проблем мојата не е јадач дефинитивно тоа заклучив, ама горе доле доручекот го јаде не дека јаде многу ама 100 до 120гр ни успева да изеде, ама ручекот нема шанси да го јаде се пробав, пробав да ставам и овошје да подметнам, не и не две три лажички и уста не отвара. Сега една другарка што има бебе нејадач ми препорача една каша на нестле во кутија и ја препорачала педијатар ка од ремедика и рекла да става по лажица две во секој ручек и од тогаш бебето и ги јадела кашите, па ми остана уште тоа да го пробам.
@Snowflake92 така правев,јаболко или круша ставав да маскирам и јадеше по некоја лажичка. Сега воопшто не пробува, ни една лажичка. Цела недела не можам да воведам намирница, не отвора уста @elcezelce те молам слика од кашата на Нестле кога ќе ја земеш,да пробам и тоа. Како може.да е јадачка наутро а за ручек не?
Женски, пилешко еднаш замрзнато , го одмрзнав, дали може да го сварам и да го исечам на коцки и да го замрзнам пак? Ако не може, кажувајте чаре, да не го фрлам белото месо @0ли @Jana06
Мислам дека може. Веќе кога ќе го одмрзнеш и ќе го свариш, како друго месо да е му доаѓа, така ми е по некоја логика. Јас пола петле сварив и тоа го замрзнав сварено, спремно за кашички, а другата половина свежо го замрзнав кое ќе го варам кога ќе го потрошам тоа што ми е направено. Ќе ми стигне и уште едно петле, кое цело ќе го замрзнам и ќе седи така додека не го потрошам првото. Потоа секако ќе го одмрзнам, ќе го варам и ќе го замрзнам сварено.
Кај мене карфиолот само со батат го сака со ниедна друга намирница не го прифаќа.И готови каши не јадеше али кога му измешав на хип тиква и морков и јаболко така јадеше.Можеби треба да ја погодиш комбинацијата за Да му се свиѓа на бебе
Незнам јас искрено незнам ни како е така буцкасто бебе, не е ни некој премногу љубител да цица, само кога она ќе сака тогаш цица иначе вришти пишти неможеш ни на града да ја ставиш, ма да еве пола месец нема качено ни еден грам вчера ја мереа на вакцина баш.
Пробај дај зеленчукова за доручек Ама стварно, да видиш дали е тоа проблемот. Ако ја изеде, може тајмингот за ручек не ти е погоден. Со батат и тиква имаш пробано?
0ли, колку најдолго може да стои месо за бебе во замрзнувач? Најдовме домашно телешко па да знам колку најдолго можам да го користам.