Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Јас земам од Зегин, Нера Критис
    @dunika јас погрешно разбрав, ти добро си имаше пишано, значи овесни снегулки,банана, кокос и печеш? Пиши ни го и рецептот за бисквити без шеќер, од тебе штом е сметам дека е брзо и вкусно :inlove:
    Јајце уште немам воведено, ама може палачинки и мафини без јајце, ќе пробам и тоа, макар што по храна не посега, и дадов корка леб ја фрла, а сите играчки прво в уста ги става да ги проба... :D
     
    На Lady Leona, elcezelce, WonderGuurl и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Leo_29

    Leo_29 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    5.025
    Пол:
    Женски
    Јас купувам пола кг телешко. Го сечам на 10 коцки. Го варам со еден морков, целер, пашканат. Чекам да се олади. Фрлам зеленчукот. И во чашки пластични или во кеси за замрзнување ставам едно мевце и од водичката колку да го покрие. И така ги замрзнувам. За два-три недели ги трошам.
     
    На Thallia и eta им се допаѓа ова.
  3. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.540
    Пол:
    Женски
    @eta Заборавив за водата да спомнам. Првата вода само што ќе зоврие месото ја фрлам, а во таа во којашто се вари, ја замрзнувам во калапи за мраз. Потоа пред да ставам во каша, загревам месо и три коцки течност и сè оди во каша за блендирање.
     
    На Thallia, mal.ecka, eta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.505
    Да не го заборавиме и делот кога се ставаат во хранилка па почнуваат драмите па плачки со солзи :D. Искрено јас земам едно ќесе и му шушкам и така го ранам набрзина и веќе нема драматизирање али ако нема некоја посебна занимација стиска вилица демек не му се јаде :rofl:
     
    На SkarletOHara му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Katerina94

    Katerina94 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    2.307
    Прво домашна, потоа и купечка пробав. Освен крушка ми се чини малку изеде, другото(морков и тиква)само гримаси и плукање :sweat:
     
  6. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Ладна, ако треба да се врие понекогаш и од чешма.
     
    На WonderGuurl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.505
    А да пробаш пола каша готова морков и ти да направиш и да ги измешаш, моево морковот само така го јаде :D бидејќи посевно му нудев само фаци правеше тоа ми беше последна опција :)
     
    На Katerina94 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.380
    Пол:
    Женски
    Оли, ти благодарам на советите :hug:
    Значи првата вода да ја фрлам, а другата да ја замрзнам.
    Решив да спремам за една недела, и да замрзнам во чаши за замрзнување.
    Со другиве каши супер се снајдов, ама месово баш ми е безвезе некако, не му знаеш потекло, ни дали бил замрзнат пред да го купиш од месара. А ако го купиш домашно, треба да го замрзнеш зошто секако ќе купиш барем за месец, два.
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  9. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.380
    Пол:
    Женски
    И јас така би правела за понатаму, но сега ми е проблем затоа што земав домашно од познаник на татко ми па замрзнавме за отприлика два месеци.
    Мора да го одмрзнам па да го спремам. Имам две опции, да спремам секој ден, или да одмрзнам за една недела, да го спремам, и пак да го замрзнам.
     
  10. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.055
    Пол:
    Женски
    Горска за готвење, Хип за пиење.
     
    На WonderGuurl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bebush 2020

    Bebush 2020 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    За недела правиме 5 мес, почнав со вкусови заради штрајк со млекото. Вчера и денес изеде по 50гр,ок е. Приметив дека ги мљацка и голта погустите каши, од потечно се дави. Еве на некоја ако и е од помош моето искуство, значи погусто уште на старт, со молење секако :D. Сменив и млекце од хип комб на аптамил засега ок се намалија гасовите ке видеме за понатаму, пробав и бебелан зелено какаше мн има железо ваљда или незнам од што, и холе,иста прича :@
     
    На SkarletOHara му/ѝ се допаѓа ова.
  12. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.540
    Пол:
    Женски
    Густи каши на почеток може да направат запек, затоа на почеток се препорачува потечни да се, мешето не е навикнато на густа храна.
    Пробај количина ептен на врв на лажиче да даваш за да не срка наеднаш поголема количина и да се засркнува.
     
  13. Bebush 2020

    Bebush 2020 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    Е сега не густи густи, ама и давав како вода ретки, си течат и овие од лажичето, од ептен воденастите се засркнуваше, впрочем и бебе си кажува како му одговара ;)
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  14. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.540
    Пол:
    Женски
    Океј ;)

    Ти не објасна колку се течни или густи, сега е појасно на што мислеше. ;)

    Повеќе пишав за да не си помислат мајкиве што почнуваат сега со дохрана дека треба густи густи каши да даваат, па после да се мачат со запек.
     
    Последна измена: 20 февруари 2021
    На Thallia му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.040
    Допаѓања:
    5.454
    Пол:
    Женски
    Ние за синко земаме од месарата во Богданци. Стално од таму си носиме месо. Свекрвата рече проверено е, и домашно, свежо. Се договара она со месарот кога колат теле да и дадат свежо. Може и ти да прашаш таму.
     
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.
  16. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.540
    Пол:
    Женски
    Колкупати неделно може да се дава авокадо?
    И дали треба да се внимава на некои комбинации, да не се дава со некои намирници?
     
  17. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Со маслиново масло, јајце и риба не, бидејќи само по себе содржи Омега 3 масни киселини.
    А колку пати неделно искрено не знам, јас давам 2-3пати максимум
     
    На Leo_29, 0ли и mal.ecka им се допаѓа ова.
  18. Lady Leona

    Lady Leona Популарен член

    Се зачлени на:
    2 април 2017
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    1.504
    Пол:
    Женски
    Некаде читав дека авокадо е убаво да се додава во оброк наместо маслиново .
    И јас 2 до 3 пати неделно го давам .

    А сега кажете ми манго со што да го комбинирам. Го воведов со шмукалче , сега купив и свежо . Во бебе готвач го пишува од 12+ .
    Ние сме 8++ .
     
    На Thallia, eta, 0ли и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.380
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам :hug: Ќе прашаме обавезно. Гледаш не се сетив на таа месарница, а имам слушнато дека месото е свежо.
     
  20. malecko5

    malecko5 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    1.141
    Мајки каков леб им давате? И од кога може тост со кашкавал или моцарела на пример?