Не згодно ми е да прашам ама сакам да воведам пилешко.. Па од пријатели чуваат кокошки и петли. Е сега петел или кокошка треба?
Јас еднаш се зезнав така. Смрзнав неварени парчиња. Не се исплати секој ден да вариш една коцка мевце. Би сварила бар пола кило, кило месо, па пак би го замрзнала.
Да, авокадото е богато со растителни масти и затоа може да е замена за маслото во оброкот. Еве за манго од апликацијата Hrana za bebe
Мајки може совет ? Ние сме 9 месеци и имаме 6 забчиња . До сега јадевме само каши се блендирано и сега сакам полека да му воведувам да почне и парченца да јаде да не блендирано. Па барам совет на кој начин, како и со што да почнам да му давам.
Со нешто помеко и лизгаво како на пример банана, тиква, авокадо и сл. и понатака варен зеленчук. Ќе видиш како ќе се однесува, може ќе сака прво пасирано.
Ќе пробам баш да видам со банана. Ќе му дадам прво цело парченце па ако не сака така ќе му пасирам со вилушка да почне да се навикнува.
Мене ми се ставени во 6ти месец од педијатар. Јас вишна воведов на 6 ама цреша немам воведено, не најдов. Сега кога ќе им биде сезоната ќе дадам.
Јас земам и петли и кокошки домашни, кога како. Јадат моиве и тоа и тоа Малава годинка има, дали можам да и’ дадам козјо кисело млеко? Само такво имам дома, сега видов, а сакам да и’ ставам во ручекот. Големава не се сеќавам кога и’ дадов, сум заборавила