Мајки препорачајте некој тестенини без бело брашно во состав а да се вкусни, дадов од наут но не ги сака баш, сакам да сменам нареден пат кога ќе купувам.
Добро педијатариве ви даваат список нешто што како да почнете со исхрана? Бидејќи мојава ми кажа само основно што како што и сама знам ни ниту листа кога што да воведам колку време после пробување прв оброк да е ништо не ми кажа се самоука ли треба да сум? И бебе готвач книгата корисна ли е да ја купам да се опремам?
Јас купив интегрални на Barilla, деновиве сакам да понудам на бебка. До поискусните мами, со што давате тестенини? Ги блендирате? @lavinija28 сите тие "Лина" освен Рижолино содржат шеќер, јас не би дала. За Нова година добивме еден куп, јас ги јадам
Мене ми дадоа листа од Бебе готвач и докторката целиот ми го исчкрта со објаснувања Книгата јас ја немам не знам колку е добра ама ја имам апликацијата за да гледам по месеци што да воведувам. Рецепти за понатаму имаш на интернет премногу, на почеток сама ќе си правиш комбинации. Во апликацијата има рецепт пример: 1 морков, 1 компир, пола кромид да се свари и да се избленда
И јас пред да започнам со дохрана ја исконтактирав матичната педијатар. Читам низ форум им даваат табели. Мојава ми кажа усно , тоа што знам ,и ми спомна за Лобело бисквитки. Ме разочара скрос. Така да мајка ми ,Бебе готвач и форумот да ми се здрави и живи !
Скоро сите педијатри кај нас ги даваат како опција ло бело бисквитите како најдобар избор од тоа што го имаме. На 360гр има 60гр шеќер што и не е страшно, сепак си зависи ти како мајка како ќе одлучиш детето да се храни. Можеш домашни да правиш или да даваш житарка со овошјето за доручек. Јас ставам некогаш бисквити ако е прегладен и немам време да варам житарка ама тоа е 1-2 пати месечно и не ставав од старт. После тоа му ги четкам запчињата, сите 2 што ги има
Не се отворени, не сум му ги дала, не знам ни дали ќе му ги дадам нема да може да ги држи ќе се нервира. Сега за сега само тие од Дивела ги има пробано Инаку дајте просветлете ме каков е тој прашак за пециво без алуминиум???
Да и мојов не може да си ги зима со рацете зашто многу се кршат и ронат во варење, а и тврди се некако. Ќе морам со зеленчук или сос да му ги правам и со лажица да ги јаде. А ова за пецивото значи аман и тоа ли измислија? Да се плаши човек да купи нешто. Прв пат слушам, ако дознаеш пиши.
Не ми е толку за забите , во однос на благото. Колку што можам и до кога можам, ќе избегавам да не јади . Сметам дека слатките вкусови ќе се одразат врз оброкот . До сега убаво си јади . За домашни секако ќе правам И ние имаме 1 заб и четка а уште не сме го исчеткале
Скроз разбирам од која причина не сакаш да даваш шеќер ама еве јас на пример, како поминува времето сфаќам дека некогаш треба да се прилагодиш на ситуација и да направиш пропуст и не е ништо страшно. Овој период кога вади заби и одбива да јаде, му давам леб зашто само така ги јаде кашите. Се нервирам зашто не сакам толку мал да јаде леб ама тоа е, само нека јаде.
И јас така знам ама види во рецептов како пишува. Ова е СС од една американка што прави оброци за деца. Ама и на мајка ми кога и спомнав дека сакам да воведам прашак за пециво ми рече дека имало алуминиум.
Искрено, не знаев за прашокот за пециво, ама еве... Тешко дека кај нас ќе најдеме без алуминиум, а веројатно може да се замени пецивото со сода во овој рецепт