Ете гледаш повеќе требало Јас ставав малце дека нели има нитрати. Плус зелените зеленчуци највеќе ги впиваат штетните работи од воздухот и почвата. Како спанаќ, блитва, марула. Јас му земам органски ама сепак. Затоа давам ретко и кога давам, давам по малку.
Мамички ме интересира вие што сте веќе на исхранс, во што ја спремате ? Другарка ми го има ова на горење ама веќе го немаат, гледав на авент едно ама над 12000 беше, некако многу ми е , да ми понудите нешто поприфатливо ?
Јас отворив тема за готвачи на пареа зашто се мислам каков да земам ама никој не ми даде препорака. Добар избор е, само јас не би купила баш ваков зашто ми личи на мал, а понатака повеќе храна ќе спремаш (месо, риба). Има во Нептун и Сетек ама мал е изборот. За каков и да се одлучиш најздрав начин на спремање храна е и нема да згрешиш.
Јсс земав од техномаркет тефал сега за сега сум задоволна. https://m.tehnomarket.com.mk/product/5665852/tefal-vc140131-aparat-za-gotvenje-na-parea овој
Имам време уште, ама мислев со време да си се обезбедам , баш се мислам .. имаш некои меѓу кои се двоумиш?
Да те прашам пример готвиш месо и зеленчук, на месото нели подолго време му треба и како правиш? Може најдоле да се стави месото, а зеленчукот покасно да се додаде на следното ниво? И колку време од прилика се прави месо, а колку зеленчук? @Molly.dolly Јас за овој се мислам. Некоја средна цена е, плус е на нивоа што мене лично повеќе ми се свиѓа.
Ќе се замешам малку, ама користам апарат кој слично функционира. Месо не сум правела до сега, меѓутоа може да се прави. Додека за овошје и зеленчук добив листа на која стои кој зеленчук колку долго треба да се готви со цел да се задржат корисните состојки. Па кога спремам нешто, постепено ги додавам различните намирници во зависност од тоа колку време им е потребно.
До сега месо не сум готвела мал е за тоа сеуште а инаку мислам дека на упатството стои фека месото се прави долу а зеленчукот горе. И кога е готов зелњнчукот го тргаш тоа оставаш месото да се доправи го стсваш капакот и готово. За зеленчук различно зависи што амаа јас секогаш вклучувам на 20-25 мин да се прави. Овошјето и пократко ако сеуште не го давате свежо. Си има на самиот готвач што колку време се готви. Оризот ми е особено убав само отпосле го зачинувам и мн ми се допаѓа вкусот за 25 мин се прави
@Snowflake92 @WonderGuurl Фала ви девојки, конечно корисни информации. @WonderGuurl претпоставувам на германски е листата. Ако не ти е тешко да те замолам да ми ја пратиш
И јас се мислев за овој, не знам што да правам. Сакам и пекач за леб да земам, па и тоа ми се врти во памет, но сакам некој повеќе работи што ќе прави, меѓу кои и правење кисело млеко.
Јас го имам готвачот на горење и е топ. Не е мал како што иџгледа затоа што има 3 нивоа, првото е големко и собира доста. Мислам ќе го имаат пак, брзо им се троши, ако не ви се брза причекајте го, затоа што е топ. Исто така и блендер е и стерилизатор. Значи 3 во 1.
Бебе 8м цица има 3 оброци и за 2 недели ќе почне и со ужинки. Поголемите ми беа на ад млеко и разлика помеѓу оброк ужинка беше точно на 3 часа.Како практикувате за тие што цицаат ,кога не сте дома на колку часа разлика се оброците доволно е на 3 часа или помалку.
Моето е 9+++, има 3 главни оброци+ужина, понекогаш му давам и втора ужина. Оброците му се на 3-4 саати зависи од дремките, не цица воопшто преку ден.
Мајки јас го имам овој готвач, 2 во едно, готви и блендира. За некој ден планирам да почнам со пробување на вкусови па сакав да прашам како за почеток нема ли да е голем, пример на почеток за 2,3 лажички морков како ќе ги блендирам? Да го чувам за кога ќе воведам оброк, ќе го зготвам и блендирам одма таму, сега да го користам малото блендерче и по некоја купечка додека пробаме од се? Купените каши колку време може да стојат отворени, овошните?