Јас ако е 6м од 6+ воведував а и многу работи и порано ги воведов од табелата за бебе готвач само во минимални количини.
Не форсија кога ќе има потреба сама ќе сака да јаде.Прави ја 90гр и колку изеде толку.А штом несака млеко 3 часа е сита.
Една мала кашичка од 125 грама е оброкот. Но не форсирај,имај спремно толкава количина па ако изеде,изеде. Постепено зголемувај и ќе си фатите ред.
Просо киснам одвечер, но барем 2 часа треба да кисне. Ако киснеш одвечер, на постудено нека да стои, не во топло. Го варам во вода 3:1 додека не испари водата.
Здраво Да ве прашам, можно ли е од воведување на телешко месо, бебето да има потечна столица? Последниве два дена откога дадов месо, столицата и е потечна. Дали е нормално ова?
Леле јас цела хаос со вкусовиве. Пола каша нели е скоро оброк? Како да и давам пола, па после цицање? 5 месеци сме, нели е мала за толкава количина?
Нема потреба, ја промивам низ млаз врела вода во цедилка и ја ставам да се вари. Одлична е со ориз, јас имам уште од инстант оризот, па со него ја комбинирам и секако некој зеленчук, буквално било што од зеленчук што имаш воведено веќе. Те прочитав за телешкото, мислам дека не е тоа причинител за ретка столица.
Се извинувам ќе можете ли да ми кажете како да ја симнам апликацијата бебе готвач, под кое име зашто побарав на мобилниот под бебе готвач и на кирилица и на латиница не ми дава.
Една рака овесни снегулки доволно е за доручек мешано со слила круша и јаболко? Сабајлево така и дадов ги посѕоив 15 мин овесните во врела вода и во блендер после се.. Таман е или многу ставив овесни? Исто сакам да прашам и за просо, киноа, хељда, гриз.. По колку е доволно за една каша од 190гр?
Една лажица овесни од прилика е доволно ако кашата што ја даваш е околу 180-190 гр. Гриз исто така една лажица, палента, просо. Додуша, овесни, палента и гриз мерам со лажица, а просо со минијатурно филџанче. Киноа и хељда не знам, не сум дала досега. Но што и да спремам од житарки, кога ќе ги сварам, мерам третина да е од вкупната количина на кашата.
@eta јас мислам дека полека ѝ се нормализира столицата,не дека е до месото,нели пишуваше дека и е тврда.Кај мојава од брокула сум приметила дека е најтечна,ама брокулата има многу влакна,логично е.Плус може цела китка да изеде.Слива и круша исто во комбинација,на секој саат кака Иначе киноа и амарант не планирам да дадам до 24 мес.Овде не се препорачуваат,киноата содржи високо ниво на оксалати кои ја попречуваат абсорбцијата на микронутриентите во останатата храна.Не се забранети,да не бидам погрешно сватена,само не се препорачливи за бебиња,па решив да ги држам настрана,има доволно житарки. Ужина давам овошје на ленти,краставичка со јогурт и крекер/галета,бисквита,мафин...
@dunika дај сликни од тие крекер галети.. Чисто се сомневам дека тука ке најдиме ама да си ја пробаме среката.
Имаше пишано за ова, добро е пак што пиша. Баш ме потсетиш зошто не треба уште да давам. Во право си, има толку житарки, не мора баш киноа и амарант.
А како иде прво ги пробува сите вкусови, па мешаме едно со друго и цел оброк кога се воведува? И прво што се воведува ручек или доручек? Јас се припремам за некоја недела па само ве демнам што пишувате