Полека Јас така со првата ќерка. Си мислев банана ко ќе и дадсм, готово Малово лапка Смешна е ама лапка јас дадов до сега: - тиква - јаболче - батат За утре во план е сува слива.
Го направив денес лебот. Ама треба кога по втор пат ќе стасува да се стави во калапче за леб, бидејќи јас го формирав како векна леб ама го оставив нели да стаса и се сплеска. Инаку добар е, утре за доручек ќе го јаде бебе.
Не знам зашто не ми дадњ мене батат педијатаров, а баш добар избор е. Уф, знам дека треба трпение ама ова со исхранава мк ствара стресови, не сакам да трчам и молам дете за јадење. Утре 5ти ден, може и треба време. Фала на совети и поддршка
ееее 5ти ден. Рано е Јас се водам по таа групата Хрватска. Пробај смени лажиче. Некогаш и тоа ја прави разликата.
бутка и моево дур и дојде вкусот, после сама сака. Со лажичките на ДМ не ми јадеше. Со томи типи јаде
Нормално е да бутка на почеток,тој рефлекс и е изразен,така пие млеко,со тек на време ке свати,паметни се тие
@Mila_Skopje Пробај поладно сервирани каши,можеби запче ќе му излегува па топлината дополнително го отежнува процесот. Баш и @Jana06 имаше пишано еднаш дека откако почнале поладни кашите повеќе ги сакал(ова од поодамна). Инаку мајки да ве прашам вие што замрзнувате овошје и зеленчук го замрзнувате свежо или бланаширано? Ми нема логика да го бланширам прво па да го мрзнам.Си велам на коцки само да го насечам прво на плех па да префрлам во зип кеси и да мрзнам. И уште побитно,по колку цреме може да стои во замрзнувач пред да се конзумира? Што имате замрзнато?