Кога се заменува оброк, после колку време од пробување вкусови обично? И кој оброк сте го замениле најпрво, појадок, ручек, вечера? После колку време од заменет оброк го давате следното млеко?
После еден месец прво појадок па по еден месец ручек па вечера а за цицање зависи од секое дете, пример моево бараше после оброк да цица бидејќи не јадеше многу, ама ако можеш почекај барем половина час за да не ти поврати
Мајки 12+ сме дали може да додадам по малку сол во ручекот? Дали сеуште да ја превривам водата за пиење? И што воведовте ново после годинка?
Фала ви за препораките, веќе денес ми стигнаа млечните производи од „Млеко од нашата фарма“, Милерамот прв го пробавме и баш е вкусен Кога сме кај препораки, пастрмка од каде е најдобро да земам?
како давоведам кисело млеко? по колку се дава? на пр ако дадам со палента... нели треба житарка третина, а со кисело млеко колку???
Маж ми го купи и ова , без глутен и без шеќер пишува дека е, сте давале ли? Можам ли да ја мешам со зеленчукова каша?
Јас планирам да земам свежа викендов од Метро директно. Исто и Веро Џамбо имаат свежа риба убава, мислам дека секој четврток носат нова тура.
Ако го доиш стави твое млеко јас на лажичката капнував врз храната и малку внатре.Ако е на ад исто и во каша и на лажичка .
Здраво Што давате за вечера на 7-8 месеци и какви глутенски ржани, јачменови и овесни житарки користите и дали ги мешате едни со други во оброк? И што давате за ужинка и која количина? Фала девојки
Јас прв пат дадов две мали лажички,направи некоја гримаса ама ги јадеше. А и мене ме интересира на пример со палента каков ќе е соодносот. Еднаш дадов две големи лажици кисело млеко со палента ама повеќе на палента беше.
Ја додавам во тенџерето 5 мин пред да биде готов другиот зеленчук. Исто и спанаќ, блитва. Доволно е само да омекне.
Синко обожава брокула. Често му ја давам, ја грицка и со рачиња. Ја обарувам заедно со зеленчукот на пареа и мешам со главно јадење. Инаку за палента во 170мл вода ставам две лаж палента, префрлам во чинија и додавам 2 лаж кисело млеко. А спанаќ до кога се обарува?
И јас сега на пареа му спремам и многу е поубаво, сега почна да ја јаде инаку не ја сакаше, строго блендано. За спанаќот некаде прочитав до една година.