За вечера на холе 3 житарки во кутија со к.млеко или јогурт, хипп млечна со овес и јаболко и хипп млечна со бисквита иако цица ми ги прифати кашите кој имаат ад млеко и палента исто со к.млеко и гриз обичен додавам ад 30мл и овошје или јаболко ,банана или слива.Овие 5 работи ги ротирав околу еден месец.Сега купив холе 3 житарки, хипп 5 житарки и уште некоја млечна да најдам . Ужинка една недела давам попладне или е к.млеко или е јогурт ама малку по 30мл и така уште 2 недели па после планирам сабајле ужинката да е овошхе и јогурт а попладне суво нешто да џвака мафини,колачиња,бисквити,леб,кифли,проја.
Досега ги варев, ама сакам веќе да давам свежо. Знам дека ти одамна веќе даваш свежо, а јаболко/круша/слива варев бидејќи од водата му давав како компот (му ја разредував и со вода бидејќи само вода не пиеше). А и за цвекло сакав да прашам, колку пати давате неделно и колкава количина на оброк?
Мајки од кога воведовте 3 оброк (вечера) и какво млеко користите за млечни каши? Вчера дадов прв пат кисело млеко земаб алпско со 4% масленост дали е добро, кое го зимате вие?
Истото го давам и јас, јогурт исто Алпско 3% и има овчо кисело 6%. Прашав за овчото ама никој не ми даде одговор од кога може. Вечера воведов мислам 7+, мешав житарка со ад.
А, не те сфатив. Почнав со Аптамил, па baby love, козјо на Холе ама најдобро го прифати Аптамилот. Да се редактирам: И baby love го прифати ок, најдобра варијанта е зашто е доста поевтино и внатре е поделено. Фактички го користиш 6 недели, наместо 3 како Аптамилот.
Трет оброк (вечера) воведов на 9 месеци. За амлечни наши користам Аптамил, но тоа млеко и си го пие. Кисело млеко би користела и од Бучен Козјак.
За јаболко и круша мене ми рекоа до 5 години строго варени. Ако крушата е мека може свежа да се даде. Јаболко свежо строго само рендано. После 3 години може да се дадено ептен тенко исечено како листови. Јаболкото и крушата се издвоиле како број 1 гушачи за деца. Други познати јадења со можност од загушување се Јаткасти Мачмелоу Гумени бомбони Обчни бомбони Карамела Лижавче Морков свеж Грозје Маслинка
Јаболко свежо не сум дала да грицка, го давам варено и свежо, но само блендирано. Можеби треба да пробам рендано.
Утре прв пат ќе и давам просо од вечер ќе го ставам во вода.. 4 супени лажици таман ли е? И сабајле водата ја турам, па за варење ставам нова? И на 4 лажици просо колку ќе треба вода во варењето?
Многу мислам дека се 4 лажици. Сабајле ја турам водата во којашто киснело и ставам нова. Земи со мало чавче за ракија мери просо и свари го во три вода, со истото чавче мери и вода.