Исти сме и ние, се плука. Јас го користам готвачот на пареа на горење, ама можеш било кој, тефал го фалат. Исто го готвам на пареа јаболчето 5мин (толку пишува да го одтавам, ама секој готвач е посебен) и потоа го блендирам и доаѓа течна кашичка. Но, пак беба не ми сака, ни јаболка, ни банана ни па комбинација, ама недела дена пробуваме, мислам и треба време
Напредува добро. Вчера бевме на педијатар и докторката рече да почнеме со вкусови. Најверојатно бидејќи е на адаптирано млеко само... Инаку има 6350 грама тежина што е точно дупло од родилната...
јас на 4 не би дала храна, па кој сака нека ми каже. Тоа бебе, не знае кај е, со лажица и храна не можам да го замислам. Исклучок, ако не напредува добро или има некоја друга индикација (медицинска). Тоа што бебето е на ад не значи ништо, ниту па децата на ад се “посебни” и треба да почнат со јадење порано од доените. јас сериозно не можам да замислам, бебето лежи, а јас му давам да јаде. Моево скоро 6, па мало ми се чини, а не па на 4.
Војдана може ли да ми споделиш каква ти е програмата чисто да споредам со мојата. Имаш само вкусови или и нешто плус ти кажа? Инаку јас јаболко варев да омекне и со рачен блендер го правев течна каша. Немам готвач на пареа така што се што ќе давам ќе му варам во тенџерче
Мила бананата кога ја даде ја мешаше со молзено млеко или ад? Моево се изналапа банана ептен ти плука или бутка со јазиче?
Така цицаат ,тоа им е рефлексот ,ако се помали т.е 4 месеци нормално е на почетокот така да прави. Па и за поголеми еве мојата е 6 и пол месеци и пак некогаш така со јазичето ми враќа. Ново им е додека да научат така ќе биде.
Земи бананата со молзено твое измешај ја испасирај ја ако имаш рачен пасатор кашеста течна да биде и лажичето одозгора давај го над јазичето не знам дали ме разбираш како ќе пробам да најдам слика ќе ти пратам. Ама утре дај ја така бананата ќе ја сака 100% моето банана се налапка сам отвараше уста да му давам и сега кога го седнувам отвара уста веќе знае
Пробав така и кога ќе ја осети отвара уста и се гади. Исто така над јазиче и ставав и после не ми отвара уста, стега вилица
Душиче бе Мене јаболкото не ми го сакаше пробај со млекце бананата ако не премини на следните кајсија слива
Кажете некоја комбинација со макарони што успешно прошла кај вашите? Имав неколку обиди за оброк со макарони пред година со сос од морков,патлиџан,лук и зачини, ама секогаш беше проследено со мрштење. Инаку има се пробано, 16м е. Ама сакам да им дадам втора шанса на макароните со некој друг сос
И мојот исто реагира.. ама мислам дека е брзо и им треба време да се научат дека постои и друго нешто освен млеко. Некои деца побрзо и полесно си прифаќаат, некои подоцна и тоа е тоа.. Инаку како совет од мојот педијатар добив да не му давам одма после јадење да цица за да не го асоцира јадењето со цицање пошто затоа може да одбива храна. Може и го знаете ова, ама чисто да споделам
И треба повеќе време, ќе си пројаде. Банана ни постарата не сакаше, а на ова не планирам да дадам до 6,5 месеци најрано. Не се обесхрабрувај. Јас така се нервирав за првата, па посебно кога читав за други. Без некој да се навреди, ама кога ве читам дека се порано им давате на бебињата да јадат сум запрепастена, па и со несоодветна храна.
Истото го помислив. Моето на 5 ипол не сака, замисли тие на 4. Ама мислам дека и педијатрите повеќе се виновни, бидејќи тие им го прават притисокот на мајките дека треба да се почне, а тие се бебиња. А има и мајки што мислат дај каша и си раат Јаа гледам и еј уште е бебе, која пуста каша ќе ја јаде
Вие што доите, кашичките ги давате со молзено млеко или со ад? Дали да купувам сега пумпа ми нема логика, а со рака капка млеко не тече?