Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. lemon8ejt

    lemon8ejt Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2019
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    3.271
    Пол:
    Женски
    На почетокот мислам на 2 недели идев на педијатар и беше на екс.доење и они според напредокот гледаат. Понатака на 4 недели и осто така пратат. Има жени имаат млеко, бебињата цицаат ама не напредуваат и во тие случаеви педијатарот препорачува АД
     
  2. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Во мојот случај кога цицаше и не напредуваше, докторката ми рече да внесам повеќе ориз, компир, месо, јајца, овошје без лушпа итн. (јас бев на 'диета' сакав одма да ослабнам). Бебето тој месец качи 1200гр. и избегнавме ад, а и мене тогаш ми рече ако и на следна контрола не качува ќе мора пак да се вратиме на комбинирано. Мака ми беше зашто едвај го исфрливме ама вака со промена на исхраната се среди.
     
    На lemon8ejt, dunika и kukla21 им се допаѓа ова.
  3. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.378
    Допаѓања:
    332.653
    Пол:
    Женски
    Па искрено две лажици јаболка нема да ја сменат крвната слика ниту ке изградат имунитет кај бебе.Тоа се само митови.Као бебе не напреднува ајде дохрана.Тоа шо бебе незнае да џвака,голта,меле храна нема везе.Се во свое време.Форсирање храна е исто како и форсирање со прерано паткање,станување,одење на бебето.
     
    На eli25, Izzy_0504, dunika и 3 други им се допаѓа ова.
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.742
    Така си е :)


    и тоа е валиден аргумент. Ќе имаш повеќе простор да го оставиш друг да чува.
     
    На joy1 и Malesia им се допаѓа ова.
  5. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Една тетка така ме отупе ,неа не и било квалитетно млекото било вода... Се знаело плачел братучед ми. Нели тоа време АД скапо на рецепти ли не знам како ,докторката и велела имаш млеко уживај таа не и на 4 месеци му давала манџа со лебче.
    Е добро викам ти како провери дека ти е слабо !?
    Патронажната и кажала да измолзи В стаклена чаша и да почека да се сталожи ако горе излезена многу вода било слабо :wasntme::wasntme:.
    Секако ниту измолзив ниту "проверив" бидејќи не верувам во ова ....
     
    На eli25 и Jana06 им се допаѓа ова.
  6. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.842
    Допаѓања:
    3.655
    Пол:
    Женски
    Млеко или има или нема, бебе или цица или слабо влече. :?::?::?:
     
    На Snowflake92 и Осе им се допаѓа ова.
  7. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Јас матичната кога ја прашав рече вагата моја ќе ти каже по една недела.... Следно беше одлични сте продолжи така. Се посомневав дека немам кога ми омекнат градите ,но читав и секаде беше дека тогаш настапила лактација.
     
    На Malesia и Jana06 им се допаѓа ова.
  8. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Мајки, се знае дека се почнува од 4 до 6 месеци. Мое мислење е дека на 4 месеци се стварно многу мали, јас уште не го седнував на таа возраст. Ниту бил заинтересиран за храна, ниту сфаќаше што е храна. 5-5ипол месеци ми е некоја убава средина да се почне со вкусови, 6 мислам дека е касно.
    Никако не можам да сфатам зошто лекарите препорачуваат порано да се почне за бебиња на ад, многу ми е чудно. Обично тие бебиња брзо напредуваат и качуваат многу на килажа. Секако на 4 месеци не можеш да воведеш оброк, па испаѓа дека на таа количина ад даваш плус 20-50гр кашичка.

    Плус ве прочитав (не памтам кои беа) дека ви рекле третиот ден од вкусот да давате до 120гр. Јас бев запрепастена зашто не сфаќам која е логиката да дадеш цела кашичка на бебе кое до вчера било само на млеко. Се знае како се пробуваат вкусови, не може еден ден 3 лажички, втор ден 10, трет ден 80гр каша и четвртиот ден пак 3 лажички нов вкус. Се пробува, полека се зголемува и се доаѓа до оброк. После новиот вкус го додавате во оброкот.

    Има секакви доктори, за едно ќе бидат во право, за друго не. Идете по ваша логика и интуиција. Ако бебето ја плука храната веројатно не е мазна и течна или уште поверојатно не е спремно.
    Знам дека сите сме спремни со блендерите, лажиците, тањирите во сите бои ама бебето не е секогаш спремно кога ние ќе посакаме. И не се брзајте, на почеток е интересно кога гледаш дека пораснало во мало човече што јаде ама понатака е напорно дупли оброци да се спремаат секој ден за вас и за бебе.
     
    На Tkara7, lavinija28, eli25 и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.455
    Допаѓања:
    19.330
    Ќе споделам мое искуство и стварно завршувам дискусија.

    Јана моево бебе пие вкупно 930мл ад во 24 часа. Денски на 3 саати ноќе на повеќе. 900мл ми е препорачана доза од педијатар за негова возраст. Е сега давајќи вкус 3тиот ден јадеше 50-60гр и автоматски времето ми се пролонгира на јадење и тие 24часа испи 880-890мл што е супер за негова возраст. Качува многу каде и да го носам истите муабети ги слушам дека го изложувам на дијабетес, а што можам да преземам кога не се најадува. И ок. Само да ти образложам дека плус ад не додаваш е сега моето бебе е такво и го следам него како се однесува. Не можам за други да кажам...

    За седење не знам зошто од 4м не си го седнувала. За седењето Антоније на 4++ ми кажа да го седнувам во количка со столчето наместено, но грбот полулегнат на 45ст, а на хранилка на 60 за да јаде.
    Педијатарот не го дели тоа мислење според него треба на 45 да го хранам. Ок секако секој учел различно.
     
  10. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Се што напишав беше мое размислување без да помислам на некоја конкретно. Секое бебе е своја приказна. Искрено, немам поима колку ад треба да пијат, што е многу што малку. Моево пиеше првите 2-3 недели и толку.
    За седењето, и мене Антоније ми кажа да го седнувам на 45 степени на 4++. Претходно не го ставав, не знаев од кога можам и чекав негово зелено светло.

    Е сега, тука имаш мајки што ќе ти кажат дека од 2 месеци можеш да го седнеш и од 4 во дубак ама не значи дека е правилно. И на нивното ако 'не му било ништо' дека и на твоето нема да му биде.
    Затоа разменуваме искуства и мислења и секоја може да си донесе одлука. Ако педијатрите велат од 4 до 6, значи и на 4 да почнеш е во ред, без разлика што јас мислам дека е погрешно.
     
    На kukla21, Осе и Milkiway им се допаѓа ова.
  11. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.455
    Допаѓања:
    19.330
    Ти реплицирав чисто само да го дообјаснам тој дел со ад зошто е стварно многу напорен период и мислам повеќето со душа чекаме да намалиме. Ја сум еве искрено во нервоза пред секој преглед било на вакцина, било ортопед, било матичен или специјалист сите те пречекуваат со истото дека ти е преголемо бебе и го изложуваш на ризик од дијабетис. Верувам и дел од мајките што почнуваат на 4ипол мес се во исти кош.
    А се согласувам со тебе дека некои педијатри од ракав си даваат оти така чуле дека треба.
     
    На Inana123 и Jana06 им се допаѓа ова.
  12. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.000
    Допаѓања:
    4.877
    Пол:
    Женски
    Моето е 6++ сега и е 9.8 кг,над 77 цм должина. Ниеден доктор каде што го однесов не рече дека е дебело или за дијабет не спомнал. Сите велат бебето е напредно големо за негова возраст. На скоро пет месеци пиеше точно 5 пати по 230 мл готов оброк што е веќе многу. Па едвај издржавме до 5м. И да почнеме со вкусови е сеа он се мрштеше некое време ама колку сакаше толку две три четири пет лажички не го форсирав и после две недели одприлика како друго дете си јаде си бара повеке отвара уста се нервира зошто не сум доволно брза со лажичките он би стално да му е полна устата :rofl: е сеа тие месец два кога се мачевме со млекото когс не му беше доволно и тоа што го пие качуваше помалку килажа еве само почнавме со оброк и млеко намалив, сега пие макс 800 мл. За еден месец еден килограм качил и околу 3цм пораснал во должина. Јас се исплашив да не јаде многу зошто дефинитивно бара повеке од 120гр,но сите што ги консултирав кажаа исто дека детето е големо долго и тежи а не е дебело. Неопходно беше да се дека почне.Мислам секоја мајка го посакува најдоброто за нејзиното дете, ама има и доктори што безпотребно ги брзаат децста на ад само зато што асе на ад а не и дека пијат максимум што смеат но и мајки кои мислат што порано пдообро.
     
    На kukla21, Milkiway и Jana06 им се допаѓа ова.
  13. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.119
    Допаѓања:
    20.937
    Пол:
    Женски
    Моето бебе е крупно Паскалов и Виктор и двајцата ми рекоа да не брзам кога бебе од цицање напредува вака добро, ми рекоа да почнам со пробување вкусови од 6 месеци Мислам дека сепак се си зависи од бебето педијатарот проценува кога што и како треба.
     
    На Thallia, kukla21, Milkiway и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.455
    Допаѓања:
    19.330
    За доење да знам дека така се предлага за ад е друг случај и јас сум кај ѓорги ете тебе од 6м мене од 4+++
     
    На elcezelce му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lemon8ejt

    lemon8ejt Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2019
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    3.271
    Пол:
    Женски
    Апсолитно се слагам дека доењето е исцрпувачки. Но дали смени нешто дохраната? Кај мене не! 6 месеци е бебе и од 5 месеци како почнав со вкусови брзо после тоа почна преку ноќ да ми се буди на 2 саати да цица! А мислев ќе се заситува и нема толку да станува. Драго ми е што го дојам, али сум толку уморна....ми рекоа да давам АД на крајно заспивање околу 21ч :) пие 120мл и пак бара да цица да заспие.
     
    На Филотеа, Осе и Milkiway им се допаѓа ова.
  16. lemon8ejt

    lemon8ejt Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2019
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    3.271
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам, он и 2те долни запчиња ги извади на неполни 6 месеци па малце немирно спиеше ајде може и тоа игра улога. Зборам вака затоа што сум бремена и се надевам дека ќе поспијам малку додека да се породам
     
    На SkarletOHara, Izzy_0504, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. kjofti4

    kjofti4 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    3.585
    Еве да се надоврзам 7+ сме и воведив трет оброк вечера ја јаде 90-120мл и јас си викав дека сега вечера ќе го заситува повеќе, напротив. Детето пред вечера да воведам си пиеше 150-180мл и си спиеше со еднаш будење, а сега пие исто и станува на точно 3часа како новороденче е плаче вриска за млеко.. Не е голем јадач така да мамички ако дете кажува интерес и бара повеќе давајте вие сте среќни мамички верувајте
     
    На lemon8ejt, Осе и Milkiway им се допаѓа ова.
  18. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Може ќе те разочарам ама еве да ти кажам кај нас како е. Малиот е 10 месеци и сам си ги кратеше подоите. Стигнавме до 1 подој ноќе и таман кога пробував да го одбијам скроз, влезе во 7ми скок и сега почна по цела ноќ пак да цица. Им влијаат забите и скоковите, а ти сега можам да замислам колку си уморна особено во првата половина од бременоста кога и без тоа паѓа глава за спиење по цел ден. Планираш цела бременост да го доиш? Што ти кажаа за доење во бременост, знам некои ги одбиваат, некои паралелно дојат.
     
    На kukla21, Осе и lemon8ejt им се допаѓа ова.
  19. lemon8ejt

    lemon8ejt Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2019
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    3.271
    Пол:
    Женски
    Зборев со една патронажна сестра, вика на 6 месеци такво станување било знак на добар развој кај бебе (супер утеха) и дека од 6 до 9 месеци најизразено било тоа т.е бебе сфаќа кога те нема во просторија и он се будел да ме провери а не дека е гладен. Со оглед на тоа што сабајле пелената е малтене сува, држи вода сето тоа.
    Инаку да, ќе го дојам освен ако сам не го сака млеково при крај кога ќе е погусто. Гинеколог рече смали и одбиј го, а прво вика чим на 2 саата доење плодов преживеал и има срцева а. што да кажам. Женава што ми доаѓаше за доење вика гинеколозите дека немаат поима на таа тема и уште од старо време верглаат и ме бодри да дојам и здравје у тандем.
    Уморна сум женски, со првово првите 4 месеци спиев ден ноќ, сега ми се спие ама... :) МАЈКА
     
    На Monella, BY<3, dunika и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.842
    Допаѓања:
    3.655
    Пол:
    Женски
    Кај нас со еден оброк доењето не се воопшто намалува, нема некоја разлика можеби еден саат и пол после оброк пак цица ...
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.