Ова некој лактациски консултант да го прочита у несвест ќе падне Браво за издржливоста. @Malesia Штом не ти бара одма после оброк значи заменет ти е еден подој. Исто и мојот бараше после толку време од оброкот, кога ќе воведеш и втор оброк значително ќе се намалат подоите, а со 3 оброци дали и два пати ќе цица дневно. Барем кај нас така беше, нагло прекина да цица преку ден.
Се мислам цело време зошто на големата како бебе и немам давано житарки во кашите, и сега конечно ми светна и морам да пишам. И воведував храна по совет на педијатарот кај вакцините почесто одевме таму убаво ја следеа, и систематски се беше кај нив, кога прашав за житарки што како кога, ми рече не и давај, нема потреба само ќе се дебелее од нив. Леле
На бебе кое толку брзо се развива и ментално и физички му се потребни јаглехидрати. Особено ако е физички поактивно му треба доста енергија. Јас мислам дека треба да даваш житарка. Ете јас давам и сабајле и навечер и никако не може да се 'здебели' ама не застанува од сабајле до вечер. Другата храна е богата со растителни влакна и само поминува низ организмот.
Каков саат ,одма бара цице. И вода ќе испие 30 Тина мл. Ама цице си е цице @lemon8ejt ова со будењето држи вода ,мојава цица што цица па бара да си играме...се врти се смее гуга
Имам просо лупено од Виталиа. Отворено е прв пат пред 3 дена и вчера кога ставив во чинија за да кисни пред да турам вода гледам внатре некои животинчиња како минијатурни мравки се шетаат низ просото какво просо користите другите? И жолчка кога воведувавте нели е цел месец додека се даде цела, дали пробувавте и други нови намирници тој месец?
Виталија еднаш ја коментирав, еве пак. Значи ништо од виталија, ама баш ништо не купувај. Имаш на дм и на биокосмос квалитетни работи. Доста купувам такви работи, од протеински барови, мусли, овес, и што не и споредбено со виталија, се е поквалитетно. Тргни од кафеавиот шеќер нивни (стај го во вода и ќе видиш) и се ќе ти стане јасно, башка да не ти кажувам колку шеќери и емулгатори имаат.
леле јас вчера морав на детско да одам па успат прашав и за вкусови житарки итн и педијатарката што беше таму ми вели ај не го правите бебето папагал, какво просо, ти јадеш ли просо.. давај гриз, палента и лебот е житарка кога ќе воведеш житарки давај убав леб Не знам што толку за просото ама кога го спомнав се изнервира дури докторката
Хахаха заради тоа што ретко кој го користи просото во исхрана. Јас сум вегетријанец и семињата како просо, киноа, хељда и амарант стално ги имам дома. После година дена кога веќе ќе јадете сите исто, ако немате навика вие да јадете просо, нема ни бебето. Се е до навиките во во домаќинството
Претпоставувам некоја постара била? не можам да сфатам како може киноа, хељда, просо, чиа да не чинат а да чини гриз или палента? Па киноа во салата е преубава, чиа пудинзите исто, хељда е многу здрава исто и иде во топ комбинации. Ама според постариве, само леб дај му, тоа е најбитно
@Butterfly1107 баш така, цело време се препрочитувам што немам воведено а можам се запнав на авокадото, оно јас уште со мои 35 си го немам воведено морало на бебе во 6 ти месец, ама ајде де, се изгубив овој пат со исхраната скроз заборавив што правев првиот пат.
Касно те читам, не стасувам до телефон во последно време Јас почесто давам овчо кисело млеко одколку кравјо баш дека е со поголема масленост оти нели такво и бараме за бебе... Ама сега незнам која членка те цитираше дека педијатар и рекол последно овчото се замислив малку и незнам како е правилно.. @dunika тебе да те потпрашаме малку
Ааа не може Потешки се за метаболизирање,т.е варење во организмот,бар така знам.Немам овде кај мене овчо,па не сум се нашла во таква дилема.Козјо меко сирење јадам често,тоа знам дека не смее пред годинка. Сепак не мислам дека е страшно или штетно овчо кисело млеко,сепак е ферментиран производ.Читам на вашите табели стои павлака,јас за неа би почекала до покасно,има доста протеини и ги оптеретува бубрезите на бебе.
Леле за просото сум иста.... Никад во живот не сум пробала ,а памтам дека во село им даваа на кокошките и сега просо на кокошка ме асоцира Мислам дека нема да и давам За авокадо му кажувам на мм дека треба месецов да се воведе и ми вика ти си јадела ли ? Викам не , никогаш. Затоа си мислиш да и дадеш ,грдо е многу нема да сака Исто и батат ,и двајцата не знаевме што е Ќе ми се смеете ама реалноста е таа