И јас немам јадено батат за тоа е битно какви навики имаме дома џабе сега ќе и давам кога тешко дека некои работи ќе останат на мени, како и просо, киноа, знам дека се здрави и се ама не ги користам.
Кога ќе дадеш некоја здрава намирница информирај се за придобивките за да му објасниш и да му стане појасно на сопругот кој е ист случај како свекрва ми истиот муабет и таа Како на пример авокадото е одлично за развој на мозокот, просото за срцето, сладок компир и немаме генерално навика за купување бидејќи е нешто поскап затоа и поретко се наоѓа, бар во градов кај што живеам а стварно е многу вкусен
@Осе Авокадото е прекрасно, јас го обожавам. За салата, намаз, така исецкан над намаз... Прекрасно е, мажот ти врска нема И јас некои работи не сум јадела, но се многу здрави и му ги давам на бебе. Што има врска што не сме јаделе ние, па ете може треба да се пројаде штом е здраво Покрај бебе, ќе пробате и вие.
а зошто не се искористи приликата и семејството да поприми нешто од воведувањето на храна кај бебето. Некој навики може да се сменат
Во право си овој пат ќе се обидам со бебето и јас можам да ја дружам, кај маж и ќерка тешко освен ако не им подметнам
Авокадо на леб со јајце ми е омилен доручок и онака оди во салати и други работи. Батат исецкан стално го печам со маслинов зејтин и зачини како гарнир. Исто во рукола, спанаќ свеж, фета сирење и печен батат за брза вечера. Многу е вкусен
Како ги поттикнувате да ја држат храната самите? Синко е 7++ и почнав да му оставам да зема сам парчиња храна, но завршуваат на подот 90% од времето. Очекувано, но сепак не му доаѓа да ги стави во уста сам, а му покажувам дека се јаде. Играчки на пример, става во уста. Сака јас да му држам, а тој да си грицка
Кога прв пат дадовте брокула? Се бев залетала да и воведам на малата, за сигурност отворив да барам и различно пишува.
девојки,кашиве што се со повеке житарки,за да дадам,треба прво секоја житарка посебно по 3 дена да ја воведувам?
Исто ,значи и да давам сега понатаму бидејќи ние не јадеме ,нема ни тие .... Ке и давам јас не реков дека нема ,но работава е што е чудно нели ,јас не сум јадела а на бебето да давам / форсирам. Бататот исто и кај нас го немало ,па затоа и не сум ни јадела. Авокадото скапо реално ,ние три деца за кој побрзо ,на крај за никој просо кажав на кокошките им се даваше ... Брокула 6++ ама не ми ја јадеше ,пола плукна а таа пола што го изеде го поврати (зборувам за 3-4 лажички) .
И јас авокадото го пројадов од синко Пола за мене за намаз, пола за него Просо мојот обожаваше Преубаво беше смутито со просо Многу убави комбинации му правев. Сњ сеќавам тука постираа и рецепт за солено просо, со сиренце, па потпечено, го обожаваше Сега си ставаме просо во супа
Пробај со различна храна. Дај му нешто благо банана, варено јаболко/круша и кога ќе касне ќе му кликне дека е за јадење и нема да имате проблем. Пробај и ти подај му и насочи му ја раката накај уста. Доволно е еднаш да проба и после сам ќе си јаде. Јас прво банана дадов и веднаш штом ја проба сакаше уште, после тоа немавме проблем.
4+++ само со батат ја јаде и тоа повеќе да преовладува бататот иначе нема да ја јаде потешкотии нема никакви иако викаат дека ствара гасови
Па реално и со тие табели за исхрана се претерува, те става во ситуација како приморан да си и ти ствара притисок. Искрено јас за батат прв пат тука прочитав и поима немам што е тоа, а не па да му дадам на бебе. И некои исто семиња и други зеленчуци што никогаш во живот не сум ги јадела сега тек до прва треба да пројадувам. Искрено јас од тие табели, водичи за исхрана за бебе еве осеќам преголем страв и притисок, и одлучив да не се водам според тоа, туку јас како мислам дека треба за моето бебе, ќе јаде тоа што јадам јас. Еве денеска прв пат пробавме јаболко, 4 месеци и една недела е како за прв пат убаво реагираше на храната, секако повеќе плукаше отколку што јадеше ама му се свиѓаше и се смееше.
Јас гледам само тоа што е да е според возраста ,да не и закачам пример јајце на 5 месеци. А за останатото што мислам треба давам што мислам не ставам за потаму или ич можда ќе видиме
Овес може да воведеш со инстант каша, со овесни снегулки, со зрна. Мене најлесно ми беше со инстант, од Холе зедов кутија. Овес може да комбинираш со овошје на пример. Ако земеш инстант, пишува на кутијата како се прави, овесни снегулки јас малку ги варам додека згуснат, некои ги киснат во топла вода, а овес зрна треба да се кисне подолго време и после се вари.