Ај беља, па зошто велат кисело млеко и јогурт со поголема масленост а сега овчото дека со 6% не чини... И павлака му давам јас со кајгана ја обожава..давам или крем сир или павлака и крка.. А и јогурт најдов густ грчки и таков давам додуша тој со 3% масленост е.. Кај ве прашав сега ме засекиравте
Да се надоврзам Јас не јадам боранија,грашак, леќа,спанаќ,брокула, жив карфиол,авокадо и ред други работи, на дете ќе давам се!
Девојки добро вечер. Сакам да прашам едно прашање што до сега не добив конкретен одговор или јас сеуште не сум упатена во дохранава. Започнавме со вкусови на 4++,сега сме 5+ и имаме пробано јаболко, морков, слива, тиква, тиквичка, банана, круша. Денес воведов прв ден оброк сабајле, прашањето ми е, утре сакам да воведам компир е сега ќе направам морков со компир мешано, но дали компирот дека сега воведувам од утре прв ден дали три дена ќе треба да го давам со различни намирници пример прв ден компир / морков, втор ден компир/тиквичка, трет ден пак ли компир со нешто или безразлика што воведувам компир ко нова намирница да го дадам само еден ден? Извинете на долг пост
Ќе воведувам црвена леќа, па колку лажици како за прв пат и која да ја купам .. @Jana06 @0ли Вие што ќе изјавите?
Да прашам за жолчката, кога веќе е воведена два пати неделно цела, дали продолживте да давате исто по два пати цела?
Три дена компир со нешто. Секоја нова намирница 3 дена се се вовњдува. Прво даваш малку од компирот повеќе на морков и секој ден повеќе ставаш постепено.
Како и наутот, со макарони од црвена леќа на Био ја воведов, но купив и леќа од ДМ. Првиот ден секогаш сум давала само 10 гр, јас по мерењето со вага сум Еднаш ја давам, ја ротирам со телешко и со пилешко. Треба двапати неделно да се дава?
Мислам дека се многу 3 лажици леќа како за првпат. Тоа баш пишувавме дека во Бебе готвач пишува 100 гр прокељ за прва каша, што е премногу за прв ден.