До верото во Тафталиџе, ја имаш користено? По инструкции за приготвување со 1лаж.како што пишува излегува премногу ретка незнам дали смеам да ставам повеќе зa да се згусне.
сите овие излегуваат многу течни ако се прават по инструкции. Уште па, како се ладат бетер стануваат. јас правев по инструкции едно време, па после од око.
Мајки, вчера за прв пат бебево мое касна неколку лажички кашичка на Хип од јаболко и тоа со силиконско лажичка му давав... Остатокот од кашичката го затворив и го кренав во фрижидер тегличето... Дали и денес да му дадам од истата и да ја загреам малку? Треба уште денес јаболко да јаде...
И јас од око ја напраив до душа да не претерам ми беше страв дека прв пат ја давав, ама битно е дека на бебка и се допаѓа како за бебе нејадач пола и повеќе изеде.
Дај слободно, јас обично кога планирам да дадам купечка на два пати, сипувам во некое тањирче и другиот дел си го чувам во фрижидер.
Да те дополнам. Кога се отвора кашичката, одма се двоу делот кој е планиран за јадење во засебен сад. Не се дава од теглата, освен ако не е во план цела да се изеде. Ако со лажичето со кое јаде бебе брцаме во кашичката, таа каша не се чува. Или се дојадува или се фрла.
И мислам дека ако директно од тегла се дава, утредента не треба пак да се даде од истата каша, нешто во врска со плунката има врска. Ставете каша во чинивче колку што мислите да дадете и остатокот во фрижидер. Едит. Ете @kukla21 пишала за истото во исто време.
Е ништо тогаш...Вчера му давав од тегличката да јаде, со лажичката црпев... Тогаш нова му отварам денес...Од кајсија имам... Фала мајки
Колку дена му даваше јаболко? Едит. Сега видов погоре дека еден ден. Треба да продолжиш со јаболко за да е воведено, па после кајсија. Со еден ден не е воведено јаболкото.
Не не повеќе не се ориентирам по бебе готвач, ја имам книгата , но благодарам. Ја утнав со прокељот , па 3 лаж леќа не би ставила... бебе ми беше со гасови ... Значи 10гр леќа , и јас сум со вага @0ли , без вага ни палачинки не правам а оваа од Кам ја бива ли , мм купил ... не ми се расшетува сега од Био да купувам .
Со сè досега по 10 гр почнувам, ете навика ми е со вага. После, вториот ден околу 25-30 гр давам, а третиот 60 гр или повеќе ако треба. Така од самиот почеток правам и некако поубаво ми е. Но 10 гр зготвена (не сирова) леќа, палента, овес, да не набројувам, ме сфаќаш. Едит. За леќата од Ким не знам, ќе пише некоја што ја користела.
Јас од Биокосмос ја купив, не мерам никогаш од око му ставам зашто знам од прилика колку јаде. Мешункасти не воведувам по 2-3 дена, само на јаките алергени внимавам. Инаку, ја обожава леќата и ептен брзо се прави.
Сега измерив, една голема лажица сирова црвена леќа од ДМ е 20 гр. Е, сега, да ја затупам и јас, зависи од лажицата Едит. Ете на пр. не знам 1 лажица сирова леќа колку грама е кога ќе се свари.
Оли, прво пробавме варено јаболко домашно и нејќеше...И кога ми текна дека јаболкото е овошје што најмногу се третира со пестициди, му земав Хипп органски кашички...И почнавме со јаболко...Вчера изеде неколку лажички,а и денес еве неколку полни... Инаку морам да ти кажам дека му дадов од истата кашичка од фрижидер од вчера ама неколку слоја одозгора ги тргнав со лажичка...Тука кај мене ми е аптеката подалеку и не отидов... Утре да почнеме 3 дена со зеленчук...Имам кашичка од тиква, имам и од морков па една од тие ќе воведам од утре... Па после тоа следи кајсија 3 дена...
Сепак гледај да не даваш ако веќе си давала од тегличка. Што и да даваш, ако не си сигурна како се одгледувани, подобра опција е готова кашичка. Само читајте и декларации, многу од бебешките каши имаат и додаден шеќер.
На 5 ипол месеци започнав со воведување на овошје...Најпрвин варев јаболко па од водичката давав по 2-3лаж.. Потоа почнав јаболко каша 3 дена, постепено. Следно овошје круша...3 дена...следно слива 3 дена...потоа мешав од 3те овошја . Јабочкп со круша,јаболко со слива ,круша со слива .... На Хип кашите со слива и кајсија се со шеќер!!
Оли повеќето од нас не знаат за потеклото на зеленчукот и овошјето. Ете кога и би знаеле, не значи дека не се третирани со пестициди. Како мала работевме по малку земјоделие, па знам дека што и да прозведеш мора да го прскаш со некој препарат, во спротивно не ќе можеш до дојдеш до готов производ. Не знам како ќе бидам сфатена, ама јас мислам дека кај нас и она што се нуди како органско, прашање е дали е навистина органско. И сертификат да има, знаеме и сертификатите како се добиваат во нашава држава. А готовите каши како опција не знам,не ги прифакја секое дете. Ете мојава ќерка овошните некако ги јаде, ама од зеленчуковите се потресува и има нагони за повраќање. А и тие прашање е колку се здрави. Мене за спанаќот ме интересира. Го ставате ли во сода, пред да го приготвите за бебе?
Никогаш веќе не давам од тегличка директно после ова што прочитав...Денес се надевам нема да му е ништо, горните слоеви ги фрлив т.е јас ги изедов...