Мајки пишав еднаш ај пак Каде да најдам убав зеленчук органски по пиљариве во околина се ми е занигде. Беорг не ми се исплати уште нема оброк за да порачам повеќе ... Биокулт постои ли? Порано зегин имаа сега не држат...
Нз каде живееш... Да видиш Бавча во Тафталиџе, на ул. Прашка. Нз дали е органско и јас немам почнато да купувам, ама нешто ми ги збореа као демек океј биле.
Дали користите кокосово масло и кое? Јас дома имам од биокосмос и го користев ретко за спремање домашна чоколада за мене. Ако земам за синко ќе купам ново ама некако што знам, не ми е баш за јадење тоа...
Искрено оргнаската хрна е нвистина скапа тука кај нас во државава само еденн човек одгледува оргнаска храна инвестицијата е ненормална скапа, а тоа што се носи од страна никој не гарантира дека не е прскано. Повеќето фирми земаат количински повеќе артикли рефус и си ги пакуваат со нивни бренд. Био космос е исто што и Мирана иста фирма додека работев кај нив кокосовото масло се преработува од кога ќе помине рокот. Може ќе приметите дека во одредени житарици имаат и молци и тоа спакувани внатре.
Јас буквално кокосово масло користам и за јадење и за козметика На синко му ставам половина мало лажиче во палачинки кога ќе му готвам во колачина од овес во овесна каша,не редовно али знам да ставам
Кокосово не користам ни јас за јадење, на бебе нема шанси да дадам. Се согласувам и сметам дека не треба бебе да јаде, има многу подобри масла од кокосово.
Каква урда и од каде можам да купам за почеток нели несолена треба исто и младо сирење од каде да купам? Кисело млеко треба да биде со највисоки млечни масти ако не се лажам
Брееее а цени стаиле мислиш злато продаваат. Башка некои производи кои не се сезонски, како може да се органски?
Дали од Маркт имаш купувано...мислам и претходно прашував ама никој не ми одговори Ги видов добра земја сум заборајла на нив тенкс
Продавницата е на биокосмос т.е. исти газди се Точно локациски не знам али имаше и статија една за него 1 хектар 1 милион вреди за да се направи цел процес да можат да се произведуваат органски производи. Ќе ја побарам статијата кога ќе ја најдам ќе ја постирам тука
Не сум купувала од Маркт. Но порано многу се занимавав со храна и ако читнеш статии на нет има дека органската и неорганската храна ги содржат истите макро и микро нутритиенти. Со тоа што органската храна содржи помалку остатоци на пестициди. Ама викаат дека колку е тоа помалку зависи и од тоа какви органски пестициди се користени, на каква земја расте и во каква околина. Земајќи во предвид дека цела држава ни е загадена, органските производи наши се под знак прашање. Така што заклучокот е дека треба да се јадат многу зеленчуци и овошје и да се има разноврсна исхрана. Органската можеби е малку во предност, но ништо значително. Еве јас додека можам ќе купувам од би орг ама тоа не ми е исплатливо на долги стази.
Урда рикота и сирење несолени имаш во Буњаковец доле во подрумот во таа продавничката за млечни производи.