Го варам зеленчукот со некоја житарка,блендирам и го ставам во тегличка од готова каша додека е врело. Од топлината се вакумира и нема никаков проблем и 3 часа да ја носиш со себе. Сега е ладно и поради бројкиве со вирусот малку го проредивме шетањето инаку секој ден бевме излезени по 3 часа. Од дома му давав млеко и после во парк си го хранев. Ем јас не мора да трчам дома за да варам каша,ем тоа си се ѕвери на сите страни и за 5 минутки се си јаде.
Јас од почеток палента гриз ориз банана така ги давам ,додека почна оброк да јаде давав се пасирано мазно , а после со ситни парчиња имам таква опција на блендерот и јаде без проблем и се ке закашла и ќе поврати .Ама нејќе во хранилка никако да седи.8++ е и седнат во релаксатор го ранам и не е мирен си се спушта надоле па ќе си легне, се смее брмчи и некако не ми е за парчиња сам да јаде.
Ние сме 10+, др кај вакцините уште околу 9м кога бевме ми рече да давам, и плус бил добар како пробиотик. Јас додуша некако ретко давам, па сакав да прашам колку често давате кисело млеко или јогурт и која количина?
Како ги употребувате чиа и ленено семе? Со што ги комбинирате? Дали треба да стојат во вода одредено време?
Балансот е со намалена масленост, а нели се препорачува што помаслено да е тоа што се дава од млечни.
Јас хранев комбинирано од кај 8миот месец,сега на 11 јаде комплетно сама,дури имам проблем,неќе да ѝ дадам ништо со лажичка.Од вчера почнав со прибор,со виљушка успева да боцне,со моја асистенција нели. Кашесто не сака ништо,веќе неколку недели сме во таа преодна фаза на фамилијарна трпеза,класични јадења само прилагодени со зачини,и супер ни оди.Знае да зграпчи и џитне нешто на под,но значително помалку него ли на почеток. Пробај ако те влече,и секако види на каков фидбек ке наидеш од самото бебе.Во принцип ако им се дозволи,прифаќаат BLW,но треба време и живци,оти наместо да го нараниш за 5 мин,ке јаде само минумум 30мин,а притоа пола и повеќе од храната ке заврши на под.Среќа кратко трае,еве сега си јадам ко со возрасен,сецкам сервирам и двете на маса уживаме.
И јогуртот и киселото млеко како ферментирани производи содржат млечно-киселински бактерии кои овозможуваат добро варење на храната, јас земам Алпско кисело млеко со 4.0% м.м. Обично давам 3-4 дена неделно иако вчера прашав патронажна, ми рече ако бебето сака и добро го поднесува може да се дава и секој ден.
Чиа семето не треба да стои во вода претходно, бидејќи ја впива водата и се згуснува. Ако го оставиш во вода или млеко ќе набабри и имаш пудинг. Можеш претходно само да го поминеш низ млаз вода и потоа да го оставиш додека не набабри во вода или млеко. Одлично се комбинира со било какво овошје. Лененото семе исто така низ млаз вода или некои 5мин. потопенo, но според мене не е потребно. Има малку почуден вкус, може да се измеле претходно за полесно конзумирање. Одлично оди со јогурт.
Дали им правите палачинки? Мислам дека @Butterfly1107 видов дека правела за бебуш. Па ако може рецепт. И од колку месеци се даваат?
Јас правам обични овесни, со јајце, банана. Ги пржам на несолен путер. Само помали ги правам и така ги давам. Си грицка, ги гмечи. Којзнае дали јаде, ама битно се занимава.
не се воведува посебно палента,посебно пченкарен гриз??? јас имам воведено палента,ама гледам сум купила пченкарен гриз...