Ние сме 7+ и еве веќе една недела јадиме парчина и тоа само бебе бараше во смисла не сака блендирано го плука, а истата храна да му ја дадам парчина ја јаде па увидов дека наводно можеби е спремен.. Едино доручекот е блендирано и не го јаде го плука.. Само кај мене има проблем не џвака лапа огромни залаци и само голта кога му зборам како да џвака или слично да го потикнам се смее.. Решение какода го научам да џвака Ми е страв да не го оптовари желудничето ради што се паарчина или нема врска?
Мислам дека пишаа погоре, дека гриз е структурата поситно е мелено. А палентата е покрупно мелена. На двете составот им е пченка. Така да нема потреба посебно да го воведуваш пченкарниот гриз.
Мајки пишав за МАРКТ да не отиде некоја џабе не е ништо органско кај нив само имаат некогаш ајдамер...не знам зошто имав такво инфо дека продаваат органски овошје и зеленчук
Да можеш да воведиш жолчка, нас од депо за вакцини каде што одиме ми рекоја 7+++ можам да воведам.. А белка на 12м Јас можно е за белка да не чекам толку долго време
Ние сега пробуваме вкусови, ама се мислам од 6 - 7месец да почнам. Не ми е многу битно за нередот што ќе го направи ако потоа биде полесно да ја научам да лапка сама. Ама не знаев од кога може да давам храна што не е блендирана.
Палачинки правам и за него и за мене, 6 лажици овесни и една банана ги блендам, па додавам 2 јајца (може и само жолчки), 1 лажиче какао и вода по потреба и мешам со лажица. Ги пржам во нелепливо тавче без масло така помалечки, ептен се вкусни за доручек со мармалад и некој путер од јатки.
Просо, палента, ориз, овес без глутен. Сè давам по 3 дена. Некои помалку дена даваат, но ете мене така ми е океј и уште си го следам тоа. Ти одговориле, не треба посебно да воведуваш, пченка ти е воведена.
Beorg побарај ги на фб други не знам вп Дпбра земја бев немаше ништо освен јаболки кромид компир и јатки
Ке видиш по самото бебе,во просек после 7миот месец знаат да џвакаат. Јас како главен фактор би го навела седењето самостојно,цврсто и исправено,а коленцата свиткани и исто на потпора,никако да висат. На 6-7 мес ке ти седи подискривено во хранилка па може да се засркнува или не дај боже да дојде до гушење.Некако ми изгледа како усилено во тој период да се почне.Ова е мој став,нека не ти менува одлука Мазно блендирана храна се нуди само на почеток,после нема потреба,и со вилушка згмечно ке го изеде.Е има деца кои се гадат од парчиња,јадат исклучиво мазно пире,но поретки се. @kjofti4 пази да ме му залетне само,ке почне да џвака убаво. Гледај да не е гладен многу па само да голта набрзина,ставај му залче по залче пред него,па така ке јаде побавно.
Јас да, му давам од 8м, му ги сечам на ленти за полесно да јаде. Рецепти: 1 банана, 1 јајце и 30гр овес, да поседи малце смесата и се става на тивок оган на тефлонска тава може без масло 1 јајце, 1 лажица полнозрнесто брашно(јас користам интегрално од спелт ама може секакво) и две лажици урда 1 банана, 1 рендано јаболко, сок од еден порокал и мелени овесни отприлика за да се згусне смесата. За полесно да ги голта можеш да ги мачкаш со кисело млеко или блендирано овошје, јас имам мачкано одозгоре блендирано манго или блендирано шумско(јагода, малина, боровница, капина) Може и палачинка само со 1 јајце и 1 банана без овес. Следно ќе пробам јајцето да го заменам со јајце од лен и така да воведам лен. Како се воведува какао? Директно така да ставам лажиче какао во каша или треба да го варам?
@stoimanovskamarija јас дадов чиа сега на 9 и сега ќе дадам и лен. @Mila_Skopje блв почнавме на 7ипол има доста страни на нет со инструкции ако сакаш ќе ти ги пуштам
Холе се без. Хипп имаат,ама пишува нз таму каква палмина,и мене ова ме одвраќаше кога ке прочитав,а знам ептен вкусна ѝ беше ноќната инстант на Хип.И дел од Нестле се без палмино.
Мајки по колку листови блитва давате? И од кога може давам аронија (имам замрзната домашна),исто и сок од калинка домашен си имам замрзнато во оние кесите за мраз,сакам во кашичата да и ставам по една коцка бидејќи сок не сака да пие.