Мене од јаболка секогаш ми се кака.. пробај јаболче со слива да смешаш? Дали уште даваш пробиотик ,ако не давај и чај од Амазон исто помагал ,јас немам пробано.
Пробај со јаболче или слива. Не знам како си ги давала, ама знај после тие што може да дадат запек дај омекнувач на кака, на пример ако дадеш банана дај потоа слива.
Имаше малиов проблем во смисла какаше како камчиња. Тоа е мислам затоа што не им е мешето навикнато и плус затоа што не пијат вода. Со тек на време кога ќе пие повеќе течности, би требало да го снема проблемот. Сега кака како влажно, но веќе нема како само на млеко кога беше. Банана ако даваш, да биде зрела и со точки на кората, а не жолта. Зрелата банана не прави запек. Еве ова ѕирни го
Незнаев каде да го поставам прашањево. Дали енкоја од вас си одгледува во саксии дома по нешто зеленчук на пример блитва шери домати и слично?
Шери имам одгледувано, лесно се одгледуваат. Си ги садиш во саксија и после некое време никнуваат и даваат доста доматчиња. Ако можеш на пазарче да си најдеш веќе пораснато дрвце уште поубаво. Инаку да ве прашам за тие што давате месо во парчиња. Мали е 9м, се давам да грицка освен месо и тоа ме кочи ептен. На кој начин да му го сервирам? Пинцета фатот го нема сеуште, не знам како да го тренирам. Пробав со такво за лед ама не беше заинтересиран.
Ситно исецкај го или направи му мини ќофтенца од јунешко или мисиркино.200 гр мелено,1 жолчка,една лаж маслиново,малку презла и билни зачини по желба.Може на тавче со малку масло да се испечат или во рерна на хартија.
Ааа ти мами и за себе си правиш Си реков како сеа 200, кога пиша 150 гр неделно Слоу сум навечер, толку контам.
И јас сум слоу (читај глупа) после 6 Freezer friendy се,може да се замрзнат,само што јас ручам исто со неа.Многу е стрвла,ако јадеме различно од неа пафта со рацете и се расправа на некој нејзин јазик. Некни пица му џапна на татко ѝ. И дадов од корката за да смири живци Ко она едно мало глувче од Том и Џери што ја изеде цела кокошка е,сигурно го знаеш
Мајки денес му дадов како за проба буквално 3 лажички од кашата на Хип банана и праска и еве после два саата поврати во млаз. Дали е можно да не му одговара нешто од кашичката? До сега сме пробале слива, јаболко, круша, кајсија и сега ова.
Па реално мислев дека ке може да ги поднесе, ама беше навистина многу малку на врв од лажичка, три пати така. И еве што се случи. Сега ми е ептен безвезе, се нервирам. Дали поврати од тоа или од што ги ставаше цели рачиња во уста.
Не може да знаеш, ама како и да е, следи го,дали ќе побраќа пак или ќе се појави нешто околу уста. Утре еден производ, али не е лошо овие два да ги скокнеш зашто не можеш да знаеш кој би напраил проблем. Праска немаш свежа сега, а кашичките се мешани. Јас мислам ништо не му биднало, ама пак ќе речам од утре дај друг и само еден, не мешај. Не се грижи само следи беба
После колку време поврати? Гледај секогаш да даваш по една намирница. Не мешај, посебно не на почеток.
Да знам, по една намирница давам (башка ова ми е и второ дете) а што ми текна сега вака да дадам, мислев дека не може ништо од тоа да му направи проблем ама ете никогаш не можеш да знаеш. За сега е супер, си цицаше нормално. Утре ке пробам нешто друго, овие ке ги оставам за понатака.
Мајки дали некоја од вас се соочила со одбивност на бебе кон млечни призводи. Пробав јогурт со палента, не бива. После одредено време пак пробав јогурт пак не сакаше, буквално се грчи и има нагон за повраќање. Денес пробав моцарела во палента, скоро и да се растопи целосно во палентата додека беше топла и пак исто беше, и се подигаше од гадење и правеше гримаси како да се задавува. После првата лажичка не сакаше да отвори уста. Да напоменам, јас не јадам млечни производи откако знам за себе но како бебе сум пиела кравјо млеко. Не знам што да правам а баш сакав да јаде барем јогурт.