И јас мислев да купувам домашни ама добив повеќе совети да купувам проверено, а не јајца од кокошки што се пуштени слободно. Сега ми праќаат од една мала фарма од контролирано производство, 2 пати годишно носат мостри во Агенција за храна и ветерина и еднаш праќаат во Полска. Помалите фарми повеќе внимаваат зашто се поподложни на казни.
Јас со години земам од едно место. Е сега пазам колку време варам/пржам. Ставам тајмер и мин 5 мин варам. Која фарма е таа?
Може и 5мин? Јас од страв 10мин ги варам Мала е фармата, да не испадне реклама правам еве во спојлер. Спојлер: Фарма Воден Фарм се вика, некаде во околина на Пробиштип се наоѓа.
Белка може да се воведе на начин на пример да му сварам и да му дадам парченце или мора постепено преку кифлички и слично?
Па само познаници им нарачуваат и се снаоѓаат праќаат по луѓе. Можам да прашам дали би донеле поголема количина, па да им направам услуга тука за низ Скопје мм да носи, секако не се врти дома.
Мојов пак ја обожава, во секаква комбинација (со овошје/зеленчук). А и јас исто така, со круша и јаболко ми е фаворит (му крадам по некое лажиче од неговата кашичка, јас така за мене нема шанси да ми текни да си направам ). ЕДИТ: ја варам на пареа...
На пример патлиџани кога зимавме во сад со вода и ќе истурев сода од око, ги оставав саат-два после тоа со вода ги миев ...дали е правилното вака не знам
Женски , спанаќ ми дојде во раце.. па од кога се воведува ,како го подготвувате ,го мешате ли за прв пат?
Да,спанаќ не ни можеш засебно да го дадеш,бљуткав е.Откисни го во вода со сода 20-30 мин,па можеш со батат и јаболче да го комбинираш. Една шака е доволна за почеток.И не пречесто,високо нитратен зеленчук е.
Не ти потемнува жолчката? Јас вријам 8 минути, но претходно постепено зголемувам температура бидејќи стојат во фрижидер и да не пукне. Ме замисливте со БиОрг. Додуша не сум земала често, но купив јаболка, круши, зелка, батат, авокадо, лук, брокула.
знам дека ја следиш хрватската група. И таму со истите дилеми. Имаше органско јаболко сторено долго на со на температура, а изгледаше како пластично.
Пред некое време читав за нитрати. Морковот, грашокот и тиквата исто така се високо нитратни. Водата од чешма и гелчињата за заби исто.