Еј, да... Го имаа ставено јаболкото во групата. Тоа па ептен изгледаше како пластично. Овие од БиОрг не изгледаат така, и јаболката и крушите се како со точки, немаат пластичен изглед. Ама па брокулата изгледаше поинаку од таа што ја имав од село, како за на слика.
Чисти се јајцата кога ги добиваш? брокулата и мене ме буни. Кога земам од маркет за некој ден ми менува боја. Оваа еве веќе една недела е и иста е.
Јас па често ги давам тие намирници Се исплашив па реков да прогуглам на нет, ова ми излезе. Незнам колку е точно. Овде пишува овошје и зеленчук кои што имаат најмалку нитрати.
Не дочекав јас толку, истиот ден кога ми стигна, ја бланширав и ја замрзнав. Ама кога вадам, гледам и тогаш дека е поперфектна од домашната. Не знам што е финтата. Еве јас не сум ни видела сертификат бидејќи не сум отишла кај нив, но тука некој имаше пишано дека имале. Вие сте ги виделе? Инаку, ај баш сликајте ги јајцата да ги видиме какви се, ме интересира лушпата каква е. Тука во едно како пазарче мм купил за мене и за него као домашни, цел шаблон донесол Лушпата е темна, со по некое сено залепено А овие што ги земам од село за малиот се со светла лушпа и со по некоја точка гомце, нема улепено сено.
Ама не е ништо страшно и да даваш. После 6 месеци повеќе се лачи ензимот што го враќа метемоглобинот во хемоглобин. Високо нитратни производи не се даваат до 6 месеци, а после е 'побезбедно'.
Јас за бојата на јајцата знам дека зависи од храната што ја јаде кокошката,и дека нема врска дали се бели/жолти,подеднакво здрави се и двата типа. Иначе на Инста ми има излезено Nasha Farma Organic Eggs,баш ми изгледаа како да не се од масовно производство.
Мајки наидов до некои информации како да ги препознавате овошјата и зеленчукот кога пазарите, се надевам ќе ви е од корист на вас што сакате да купувате органска храна. Некои од овошјата и зеленчуците имаат како етикети со бројки на нив, но никогаш не сум обрнала внимание на нив се додека не наидов на постов. Постојат три вида : - Органски - Прскани со пестициди - ГМО (Генетски Модифицирани) Добро е да се знае и да се избегнува тоа што не е добро, па и за нас возрасните не само за помалите.
Многу се залетав по Беорг дека на беба се од таму ќе и зимам. И ја гледам понудата и се чудам за некои производи од каде органски ги нашле. Баба ми сади за наша душа дома па пиперка нема сега па да се превртам наопаку. Во заблуда сум или стварно се органски? Некој што пазари?