И кај нас беше истото,и иста возраст се.Мене матичната ми вика кога ке му се јаде ќе јаде.А јас жива се изедов и какви не комбинации пробав,ама неуспешно се во канта завршуваше.Една едела бевме само на кисело млекце,по неколку лажичиња колку да не е без ич,ама последнава недела буквално без ништо,за ништо не сакаше да зине само на доење бевме.Ама денес го извади првото запче изгледа тоа го мачеше и после еден месец тортури прв пат денес јадеше.Овошното сабајле цело го изеде,а од зеленчуковото уште некое лажиче остави.И кај вас да не е во прашање некое запче.
Баш во истиот период малиот мој престана да јаде, од 7,5 до полни 9 месеци. Исто ми викаше и мене матичната да не се секирам, дека е нормално и дека сам ќе почне да јаде, и така испадна. Еве и @tincemajmunce со истиот проблем, во истиот период Може е запче, може е и период на нејадење. Кај нас скоро 2 месеци траеше периодот на нејадење, ослабе и не напредуваше цел месец, после по малку почна да качува. Нема што не пробав тогаш. Исто не сакаше лажичка да види, дури и со прсти пробав да му давам. Кај него ништо не успеа од се што пробав. Еве сега пак вади запчиња, помалку јаде, не е без ич, имаше еден ден само на млеко беше, ме фати паника дека пак исто ќе се повтори. Сега не јаде баш она што најмногу сакаше. Претходно не сакаше зеленчук, го јадеше само со кисело млеко, и обожаваше овошје, колку и да му го давав, јадеше. Сега не сака да види ни кисело млеко, ни овошје, само зеленчук. Исто и житарици не сака. Многу добро знам како ти е, и јас тогаш што се не пробав, се беше џабе, само уште понервозен го правев, зашто и јас многу се секирав и бев нервозна. Пробувај нови комбинации, пробај нешто да грицка (овошје на пример), може нешто ќе упали. И што е можно посмирено, знам дека е скоро невозможно, ама обиди се И не се секирај, ќе се среди
5 заби извади! Што заби ќе беа и скокови у пм! А што јаде кога не си дома? Треба да го оставам 8 саати, ќе трчам по докт. Па и овие од државава, дај да не остават да пројадат децава па тогаш да тргнуваме. Што разбира бе човече од 8 месеци само да јаде.
5 заби?? Леле срце, којзнае колкава болка трпело Решило 5 проблеми со еден удар Ајде сега ќе се среди. Јас не работам, уште сама го чувам, така да јас го хранам, сега моментално јаде најмногу зеленчук, и ноќните кашички на Хип. Од време на време ако се смилува некој ден овошје да изеде, 2-3 пати неделно. Од Октомври ќе тргне во градинка (се надевам, ако се биде во ред), е тогаш ќе биде весело.
Нема што да се прави ќе се мачиме и ние и тие. Јас се договорив со газдата бидејќи работам во мала фирма ќе одам по 4 саати на работа.Бев да речам на проба колешките ми беа по одмори па јас одев цел месец ги заменував.Малиот и го оставам на свекрвам одев од 16 до 20 часот,бидејќи таа е до 15 ч на работа.Од сабајле крај 9-10 му давам овошен оброк со житарки,па крај 11 заспива со цицање,потоа крај 13-14 му давам кисело млеко или со нешто или само кисело млеко,па пред да заминам на работа крај 16 го дојам и го заспивам и и оставам на свекрва ми спремен зеленчуков оброк,кога ќе стане го рани колку сака јаде,после некое време пак му нуди ако сака ќе касне ако не,и имам речено кисело млеко да му дава бидејќи тоа супер го јадеше,и во 20 ч кога идам доење,мазење,капење,малку играње и 21.30 -22.00 максимално е во кревет.Потоа во текот на ноќта станува 10пати демек за цицање,од кои 2пати цица квалитетно др пати само си шлапа на града,ама ако не му дадам ќе ми се разбуди скрос.Млеко никакво не сака да конзумира освен мајчино,сокче не сака ни да смисли а за вода се бориме по цел ден за некоја голтка едвај да голтне.Од бисквитчиња со млеко,гриз,млечни кашички на хумана,на хипп,тие грисолино,чоколино не сака ни да ги види,само што ќе му доближам до уста бега.Јас иначе си го продолжив боловањето,2 недели од матичната,демек ми е анемично детето,и после на комисија уште 1 месец.И уште сум на товар на државава,а тоа што одам на работа газдата си ми дава пари на рака и сите сме чисти пред законот,Да напоменам боловањето ми е направено со пријатели,бидејќи свеки работи во болница,да беше оставено на мене ќе бев веќе регуларно почната на раб.
Гугл вика дека немелено може да стои до две години, но да се чува на ладно и темно. Хммм, јас почнав хељда во фрижидер да чувам, сега и ова ли?
Majki imam mnogu praski slivi krusi. Kako e najdobro da skladiram? Krusi i slivi zamrznav. No krusite be znam kakvi ke se. Da napravam kompot i sok bez seker ili nekoja zamena za seker mozam? Dali ke stojat be seker deka toj e kako konzervans? Bebceto mi e 6 meseci januari zdravje gidina a dotogas seker ne smee .
Колку што знам крушки не се замрзнуваат. Без шеќер компотите ќе пропаднат, така што ништо страшно ако ставиш лажица шеќер на една тегла, не мора повеќе (обично компотите се прават барем со две, но доволно е една ради конзервирање). Исто имам слушнато некој ги прави со цимет како конзерванс, ама искрено бидејќи незнам колку време ќе стојат така, мене ми беше посигурно со шеќер. Сливите можеш само така да ги замрзнеш, исечени на половинки.
Јас му дадов на 9 месеци. Ја комбинирам со месо, тиквичка, компир, морков, цвекло, пашканат, карфиол, брокула.....со сите зеленчуци му ја имам искомбинирано до сега Еве денес успешна комбинација се покажа со телешко, брокула, црвена леќа и сладок компир. После неколку комбинации ќе видиш како најмногу ја сака.
Јас денес прв пат дадов, ја сварив со многу малку вода. Семките не ги извадив. Знам дека е бљуткава, ама реков за прв ден не ја мешам со друго - за чудо, многу добро ја прифати. Додуше за разлика од кашите со јаболко и банана, денес мама не го дојаде остатокот
Е јас се откажав денес, а инаку ми беше на т.н мениДадов слива прв пат. Мислев дека на пареа нема многу вода да пушти и бев на мисла дали да ја измешам со морковче, ама и јас како @darcy денес прв пат сакав да и дадам и сакав клод да и понудам, иако знам дека ќе биде бљуткава. Здравје, друг ден. Инаку, уште не знае да јаде, само пробува. Максимум 4-5 лажички. @darcy вие колку јадете,мислам на лажички, додаваш ли маслиново, кокосово, ц.цимет?