Јас напнав знам дали морков за вкус дававте од кашичка готова или правевте? Дадов готова од крушка ја сака, баш ја пробав благичка е. Има ли шанса да не сака домашни ако и давам купечки?
Јас почнав со готови кашички тоа што најдов, другото го спремав дома. Сега од купечките ги јаде само овошните и едвај некоја од зеленчук. Од тоа дома што му спремам ќе се истепа да изеде се, мљацка, си прави ммм додека јаде. Единствено патлиџан не сака баш. Така да, не мора да значи дека нема домашно да јаде.
Како воведовте кисело млеко и кога. Утре полниме 7 месеци , матичната рече можело да му воведам домашно к млеко. Дали вие квасите дома ако да како или давате некое од купечкиве?
Мојот дечко ко женската твоја.. ништо од тоа што дадов до сега не сака.. ни купечко, ни домашно, ни варено, ни свежо, ни цедено... Круша немам пробано, ама морков, јаболко, банана не сака да чуе.. Пробав и мајчино млеко да ставам, да се залаже, ама џабе.. Изгледа ќе си ги молиме за јадење
Пробувавме вкусови само со купечки кашички. Кога почна оброци почнав да спремам домашни и јадеше без проблем. И сега некогаш му давам купечки.
Ние бар слива и крушка сакаме, од се друго се гади следно ми е морков и очекувам исто, да не сака да го погледне. Нај што сум мрзела е молење дете да јаде и ако бидне така ќе се утепам жими се можда кога ќе мешаме вкусови ке јадат
Епа кога воведувам нов вкус давам бланко а потоа од 2 ден мешам. Тиквата ја измешав и така ми ја јадеше. Мислиш и кога воведувам нов да измешам?
Епа ќе пробам така. А дали е нормално еве кога јаде, пак со јазичето пола да плука? Се гледа дека и е убаво, отвара уста ама не го голта цело. Леле прашањава ми се ужас, ама прво дете појма неам што е нормално
Горе доле ние исто почнавме, син ми веќе не бутка со јазиче. Кога му давам скроз ја отвара устата и си јаде без проблем тоа се случи со: тиква, јаболко, јаболко морков, батат... напоредно домашно и хип давам
Ти мислам пред мене почна со вкусови нели? Ти даде батат паскалов? И јас почнав да мешам и покрај тоа што Виктор ми рече не, ама некои работи не одат ко што викаат, ако не ги измешам ич не јаде
Точно на 24.02 почнав дп 27ми па 3 дена пауза па продолжив...значи полни 5мес ми се фатија да почнам не знам кај тебе како сте... Не ми даде сама давам од бебе готвач и тука по темава што читам, ама овошните ги скокнувам тие слива кајсија праска тие здравје на лето ќе ги дадам.
Ние од 28.02. Неделава сум кај него и ќе му кажам дека кајсија и праска не давам, да ми даде замена, а ако не и јас сама ќњ почнам
Мене уште не ми е презакажан терминот беа во изолација не можев да чекам пошто 6м ќе ме фати на крај и така решив па ќе видиме. Баш кажи што ќе ти каже
Каков јогурт користите за подготвување на овошен јогурт? И обично кога го давате, за појадок, вечера или ужинка?