И јас сум со прашалници цело време и ништо не ми е јасно...До сега имам дадено и домашни и купечки каши за вкус. Вчера и денес дадов брокула на Хип и скоро 50 гр изеде денес, па за 1ч дадов млеко и испи 100мл. Совет од поискусни мајки ми е да давам купечки каши додека не почне асално да јаде, а педијатар ми вика домашно и пасирано, никако мазно и блендирано. Па бебево уште нема саглам рефлекс за јадење, не знам за пасираново ми е страв.
И мојата исто, после 1час до 1.5час си бара млеко. Исѕо и јас хаос уште ако педијатарот ми е во изолација нема да знам ни обро кога
И јас редовно купувам од Бе орг за бебе, до сега сум задоволна, на страната јасно им е обележано кои производи се органски, а кои био. Неколку пати нарачувам и Еко јајца од кај нив и секогаш биле чисти. Не се разбирам искрено како е ок со јајцава. Следна нарачка за јајца правам од Еко јајце, па ќе споредам.
Му дадов да проба кифличка со јајце. Му скршив неколку пати и немаше никаква реакција. Дали тоа значи дека ни е воведена белка и можам пример да дадам пржено лепче?
Јас треба до крај на неделава да одам кај педијатар, па ако разберам нешто шовеќе, ќе споделам. Пиши и ти ако добиеш инфо од твојот педијатар.
Ние уште сме со вкусови и му давам по неколку лажички само, ама детево бара уште, а мене ми е страв повеќе да му дадам, не знам дали да давам колку што бара? И друго прашање, до сега пробавме јаболко, круша, па мешано и јаболко и круша, и банана, следно што можам од овошје, а што од зеленчук да му воведам?
реално ако гледаме сезонски, нема ништо сега. Цитруси и банани. Јас си терам по моја шема. Гледам да се полесни за мешето. Тоа ми е најбитно за почеток. Па она само кака, по 100 пати на ден
Мене од педијатар ми беше кажано даввај колку што сака нормално кило круши нема да дадеш али ако му се свиѓа на бебе давај моето од сите само крушата ја изеде целосно другото се по малце,а сега се си јаде.Праска само на хип имам дадено т.е. праска/банана,можеш слива,кајсија(ама суви има сега само) кајсија јас не давам од кашичките е гадна,а сувата за нигде мојов не ја сака не го ни форсирам, а сливата му ја давам и така варена па блендирана и водата му ја ставам во шише да ја пие.Од зеленчук батат,тиквица,тиква,морков,брокула,карфиол
Мајки, после колку време воведовте оброк? Прашувам бидејќи некако рано ми изгледа, пробуваме вкусови околу две недели ама педијатарката ми има запишано од 6 месеци да воведам ручек со месо, маслиново, пармезан....нормално количината да ја зголемувам. Баш ми напомена последниот пат, месо да давам секој ден заради железото. Тоа за почеток, потоа имаме друго... Кога почнавте вие со месо?
Мене ми кажа да воведам месо. Бебе е 6 месеци. Мене мало ми се чини и ќе почекам до кај 7. Да проба прво што е полесно, па ќе тераме со мевце
А колку месеци сте? Мене педијатар ми рече пред крај на 5ти месец да има веќе еден оброк веќе воведено. А не ми е јасно дали да е ручек или доручек, дали да почнеме со млеко наутро, па следно да е оброк и сл.
4 ипол месеца е и затоа мислам дека е мал да му давам повеќе. А околу целиот оброк јас кога прашав педијатар ми рече не е битно кога во текот на денот ќе дадеме, само дека тој еден оброк е замена за едно шише млеко. Јас сега за ручек му давам прво неколку лажички да пробува овошје па после млеко си пие бидејќи уште не јаде цел оброк.
Ние вчера почнавме со јаболко. Правеше фацки ама не кемкаше, го прифати. И денеска му дадов неколку лажички па по 1 час млеко пиеше. Утре со морков да продолжам мислам дека е доволно по 2 дена да ги воведувам намирнициве. Или мора 3 дена?