Јас три пати му дадов цело јајце во тесто (кифличка, проја и палачинки) и од тогаш секој четврти ден му варам или пржам.
@Jana06 те молам рецепт за проја кога ке имаш време @RAK91 сметај за воведено. 1 цело јајце неделно,и уште едно,но поделено во мафини,палачинки и сл,рачунај неколку пати.. @Monella накај 7 воведов месо.Зеленчук,па компир,па месо. Додавав само дур стигнам до оброк.
@dunika Најчесто по овој рецепт правам: Спојлер: Проја Кога правам за сите и немам време вака : - 4 јајца - 1 чаша (околу 150мл) овесно брашно (или било какво) - 1 чаша палента - 250-300мл јогурт - 2 лажици масло - 2 лажички пециво - малку сол (ние навикнавме скоро и без сол ама мора еден прстофат) И сирење, семки итн што сакаш по желба. Прво се мешаат јајцата со солта, па се додава се останато. Се пече 30-35 мин на 220 степени.
Јајце откако ќе се воведе цело, во мафинј, палачинки, проја и други пецива ми рекоа дека може преку ден да давам
Јас не кажувам дека сум вовела цело јајце за да се поштедам од предавања Кај тројца педијатри што сум била уште ме учат жолчка како да воведам, еднаш спомнав за белката и ми рекоа да прекинам. Така да, немам кој да ме советува, тука на форумот прочитав 2 пати неделно. А супер би било почесто баш зашто многу ужини му ги правам со јајце.
Мене педијатарката ми кажа така Плус и ако ја знаете majkata и со неа се советувам, бидејќи кај неа бев на курс за блв. И двете истото ми го кажаа, преку ден е океј, не е страшно и еден по друг да се деси да дадам ама да не биде често. Значи да не ме сфати некој погрешно, збориме за јајце во пецива.
Цело јајце давам варено, немам дадено омлет ама треба да почнам. Така да варено давам еднаш во неделата, а преку ден давам во пецива. Пример вчера дадов во палачинка, утре ќе дадам во ќофте. Четврток може варено, сабота пак пециво.
Да почнеш На мојот омилен оброк му е омлет. Му мешам со спанаќ или блитва, му варам брокули и малку лепче. Ем му е преубаво, ем пресреќен дека јаде сам.
Па се трудам колку што можам почесто да му месам ама ретко имам време, а окапав во кујна. Ако немам домашен му давам купечки р'жан, интегрален, тонус зависи што имаме. Дуника скоро имаше ставено рецепт, па планирам тој да го пробам следно.
Погоре рецептот што го ставив во спојлер е за мафини. Можеш какви сакаш да правиш, основата е таа. Околу две мали чаши брашно (можеш една чаша мелени овесни снегулки, другата било какво брашно), јајце, лажиче пециво, лажиче маслиново и ако сакаш благи стави една банана и друго овошје по избор, малку цимет, какао можеш... Како сакаш, прави си комбинации. Важно е смесата да биде погуста од смеса за палачинки. Ако е густа додај јогурт за солени, млеко или вода за благи.
Малото е 5,5 месеци на доење. Почнав со јаболко,крушка и денес кајсија кашичка по 3-4 лажички. Му се појавуваат 2 црвени кругчиња на образите и една мала црвена линија под едното око. За 15мин се повлекуваат црвенилата. Ова е реакција од сите овошја. Што да правам, да прекинам да давам,а голем е му се јаде.