има холе чиста кајсија? Кај ќерка ми така се правеше од модар патлиџан и спанаќ (од бејби спанаќ не). Ми кажаа алергија дека е. да пробаш со зеленчук? Да не му прави реакција шеќерот од овошјето?
Здраво.Се изначитав но пак сум хаос во главата.. Почнавме со вкусови на 5м.Досега пробавме тиква, тиквица,батат,морков,круша,јаболко,слива,карфиол.Првиот ден давам чисто,наредните 2 дена со веќе пробани вкусови.Бебе јаде, има редовна столица,досега не се појави никаква реакција. Сега има 6м па прашањето ми е за воведување прв оброк, доручек или ручек? Досега му давав околу 12 сатот после првата дремка, околу 50гр.
Јас почнав со ручек бидеќи му давав исто послем прва дремка, првин млекце па послем вкус да проба околку 13-14часо и за да не му менувам воведив првин ручек..
Денес прв пат ќе и дадам телешко. Па си го поделив на парчиња и си ги замрзнав, но за варење долго е ептен (за едно 30гр месо варам саатипол, ми е како тегаво и тешко ми се вари) сакам да прашам дали можи сите парченца да ги сварам па да ги замрзнам сварени? После по потреба ќе си вадам и ќе го обарам повторно со зеленчукот. Може?
Многу долго тоа. Јас на пареа за 40мин го правам, во вода околу 50мин-1 саат максимум. Го сецкам на мали парчиња, зоврива водата, намалувам и покривам. И за помалку е готово ама го оставам за секој случај. Можеш и сварено ама пак треба да вариш зеленчук, некако исто се фаќа.
Јас го замрзнувам варено, сечено на парченца и после само блендирам. И бујонот го замрзнувам, па и од него ставам по малку.
Дали може навечер да си го сварам тоа што планирам сабајле да го дадам за доручек,пример утре сакам да дадам слива и јаболко а сабајле некако немам баш време Или секогаш мора да е моментално сварено па изблендирано
Тазе варено, знае да оксидира и потемни. Затоа и готвач на пареа е добра работа секако ако можеш да си обезбедиш
Не знам разлика ама читај назад зошто мм дал вакво јаболко банана и беби бисквит пишува видел 4+ и си рекол ок таа има 7 за некој ден може... После тоа читам ГЛУТЕН Сега да го рачунам глутенот воведен !?
Ја фрлам кога ќе ми текне, кога на раат спремам Кога ми е во една рака и спремам ужина и два ручеци во исто време најчесто заборавам. Сега во готвачот само го мијам и го ставам.
овие се обележани година + веројатно заради шмукањето. Инаку си се само овошје. Има и со житарки, ама оваа нема @Осе не може да знаеш дали е воведен глутен. Тој не дава реакција веднаш, како другиве продукти. На долг рок, со повеќе консумација може да се види дали бебе има интолеранција или не дај боже се развие целијакија.
Како давате ад млеко тие што имате воведено доручек и ручек,кој ви е редоследот за млекце по колку пати ви пијат