Почнав: јаболко, тиквичка, круша, морков, кајсија, пашканат, тиква, батат, слива, банана. Потоа: просо, палента, ориз, компир, прва Семолина (од Холе, тоа е оризов гриз), брокула, карфиол, кромид. Следно: телешко, репкино, овесни снегулки без глутен, праска, глутен (инстант овес на Холе), путер, праз, пченичен гриз (Семолина Холе за 6+), боранија, грашок, спанаќ, манго.
Додадов погоре уште нешто. Палента со овошје за доручек, максимум третина од вкупната количина. Всушност сите житарки така. Палента може и за ручек со зеленчук да се даде, на пример.
Бататот е доста поздрав од обичниот компир, богат е со влакна и не прави потврда столица како обичниот компир, напротив, ја омекнува.
Мајки да прашам каква палента давате? Јас досега давав инстант палента, на амбалажата пишуваше 3 минути во врела вода да проврие додека да добие густа текстура. Е сега пред некој ден во маркет видов палента од друга фирма и пишуваше 20 до 25 минути готвење. Што е разликата, знае некој? И која е подобра за бебе?
Досега од Биокосмос и од ДМ сум користела. Варам една лажица во 100 ml вода додека не ја упие водата со постојано мешање. Инстант е најверојатно поинаку. Овие кашиве инстант што ги земав се само да ставиш топла вода или млеко и готова е. А пишува како се припрема, во смисла колку грама палента со колку вода?
Јас оваа ја давав до сега што е инстант.Ќе ставам слика пишува како се припрема но не е баш чиста сликата, се надевам ќе успееш да прочиташ. Е сега бидејќи ја потрошив таа се мислев да пробам друга фирма, но на неа пишува 30 мин готвење.Затоа се зачудив, мислев сите на ист начин се готват. Незнам што е разликата, затоа можеби некоја мајка знае да ни каже ако има користено.
Затоа што е полесен за меше. Делува како деутетик, за разлика од компирот кој затвора. Компир се препорачува покасно
Почнавме со пробување вкусови од денес, една лажичка дали изеде кашичка од морков. По колку им давате за почеток?
едвај ја воведов.. тоа ни мирис ни вкус има. Прв ден - батат, тиквица, морков Втор ден - тиква, јаболче, тиквица