Што е финтата со таа спелта и спелтино брашно . Во последно време често ја среќавам на фб групите и тука. Читав на интернет дека може да содржи дури и повеќе глутен од пченицата. Нешто многу поздрава е или...?
И ние сме во период на пробување на вкусови. Педијатарката ми рече по 10 лажички секој ден. И така две недели и после се воведува цел оброк попладне... Види на претходните страници имам прикачено програма од педијатарката...
Баш спелтата содржи многу помалку глутен од другите житарици, што дури некои кои се алергични на глутен можат да ја конзумораат.
Ти благодарам. И на мене ми даде табела, ама не ја прашав за количина. Вчера пола поврати, изгледа тешко и дојде на стомачето. Да ве прашам гледам спомнувате БиОрг, кај се наоѓа? Некоја продавница за органско овошје и зеленчук да ми препорачате? Се мислев дали да и готвам или купувам. Овие на хип се органски, а по пазарите и маркетите сигирно се прскани...
Бисквити се воведуваат ли? Мислам и нив ли треба да ги воведуваме како останатите намирници по три дена? И јогурт кога воведувате по колку ставате ?
Кромид варен, да, заедно со друг зеленчук по малку на почетокот и блендирано сè. Не дадов чист кромид. Откако го воведов, во секоја зеленчукова каша му ставам, како во манџа што ставам за нас.
Ти благодарам многу. Навистина бев во дилема, иако логично е дека штом се воведени житарките, нема потреба од посебно воведување. Истата логика ми е и со киселото млеко, дека ако е воведен јогуртот, нема да има потреба од посебно воведување, затоа што истите состојки ги содржат. Но, сепак да си прашам поискусни, да не бидам повторно во дилема.
Денес успеав да воведам оброк. Дадов морков и јабуче, се гадеше и во очај и стаив и слива и се изеде и сфатив дека со слива јаде се. Ама зар слива во се да иде?!
Не ме праша мене ,ви се замешав ама да си кажам ,за оваа кашичка прв пат таков интерес да покаже. Не дочекуваше да наполнам лажичка Само што јас не превев по грамажа туку четвртина од мало кромидче ,цела тиквичка помала и цел морков помал. Ми излезе некаде 190 гр.
мојава сабајле ни да проба. Само што ме виде со лажицата, пушти сирената После со татко и апна 40тина мл и другото ја чека во фрижидер На здравје на бебе појадокот.
Може 8+ Да прашам суви кајсии какви купувате? Вчера во Веро ги разгледав сите пакувани што ги имаат, гледам во сите конзерванс има