Одкако го фрлив остатокот од кашата, те прочитав дека го чуваш во фрижидер и го нудиш подоцна пак. И ние денес прв ден оброк, кај нас ручек. Овде имаме малку подруг распоред, прво ручекот па од другиот месец доручек. Туку сакав да ве прашам колку количински треба да јадат на 6+ ? Препорака од педијатарката ми е од 150мл да почнам и да зголемувам до 250мл. Ќере денес едвај 60-70мл другото го фрлив. Инаку ручекот беше каша од морков, тиквица, брокула, кромид, 2 лажички пченкарна крема, 2 лажички пилешко од тегла, 2лажички маслиново. Кромидот беше нова намирница, видов дека ја има во рецепти за 6+ па додадов. Читам од 5 места и некако не ми успева баш, крш сум со тоа кашите
Воведував намерно повеќе зеленчук за да можам да почнам со ручек. Немам воведено компир и не планирам во скоро време. Имам воведено тиква, морков, тиквица, брокула, кромид. Од овошје јаболко, круша и слива. Количината да биде околу 100мл за почеток ок ли е или да инсистирам на повеќе? Страв ми е да не направам контра ефект, имам веќе еден нејадач дома, доволен ми е тој
Колку месеци ти е бебе? Колега има ќерќа 7м е сега им е давале 200гр каша заостанувала со килажа па сега даваат 200доручек и 200ручек. Бебе накај 7м ти е или грешка сум..
Беба е 6м и 2 дена. Да напоменам, совет од педијатарката беше до 6 месеци да биде на ексклузивно доење. Јас почнав со пробување вкусови накај 5ипол за да има време да пробаме повеќе намирници и таман до 6 да стасаме до оброк. Беба за сега си напредува убаво, ќе видам што ќе каже и докторката наредниот месец. Сигурно ќе настојувам да јаде количински по повеќе, само на почетокот не сакав да ја бутам и така почна да има проблем со запек.
јас една мала тегла т.е 120 грама имам за таргет мерам ко луда хахах толку и најмногу ми има изедено и не ја форсирам. Имам нејадач и јас дома ручек е поправилно и полесно прифаќаат децата. Еве и кај моево е така. Сабајле рано и е за појадок, а после кон 12 си го лапка. Она уста не отвора сабајле ни да проба. ручек во 7ми ќе давам. житарки што имаш дадено?
И мене многу ми се гледа ама Уницеф ова го пишуваат не знам кај нас дали се практикува истото. И мене ме интересираше колку треба да давам . From 6–8 months old, she’ll need half a cup of soft food four times a day, plus a healthy snack. You can start to add a healthy snack, like mashed fruit, between meals. As your baby gets increasing amounts of solid foods, she should continue to get the same amount of breastmilk.
Плус healthy snack тоа претпоставувам е за овошје не знам зошто тука како оброк некој го пишуваат како десерт се водат кашичките. Немав многу време да читам ова ми е така разлистувано
Мислам за тие што почнале порано со дохрана (најчесто на ад што се) воведуваат порано 2 оброк, некаде кај 6 и нешто. За другите, од 7 месец, за да има простор од еден до 2 оброк.
Е ајде а ја ниеден немам скоро 6м бебе овошјето сегде пишува да не го рачунам како оброк. Инаку статијава што ја пишав конкретно за breastfeeding збори Во добра земја бев немаше ништо освен компир кромид...
Ама овошна ќе ти е таман за доручек, а зеленчукова за ручек. Јас пробувам вкусови по 3 дена, ама искрено ако гледам дека нема реакција планирам од сеа по 2 дена. Вака немам за нешто комбинации а и мн малце имам внесено. Почни давај цела мала (125 мислам е) нормално колку изеде, бар како оброк. Мојава не сака многу рано и по совет на кукла дадов откако ќе стане и цела ја ручка.
На нив пишува од 4+. Од 6 сигурно може, јас почнав бидејќи така ми пишуваше на листата од докторката.
Слободно можеш веќе да даваш. Јас имам ориз и просо дадено. Денес палента дадов. јас преминав на 2 дена. Дефинитивно рано им е кога ќе станат. Брзо им се приспива и одбиваат храна. Веројатно затоа и повеќето препораки се да се почне со ручек, а после со појадок. Времето до прва дремка веројатно се зголемува, па има време за јадење.