знаев дека ова си го читала Отвори ја студијата и не мораш цела да ја читаш, прочитај го само абстрактот.
Мајки од кога се дава јајце од потполошка? И како се дава? Сестра ми купила 10 јајциња, ама ја појма немам кога и како
Не го имам долго, месец од прилика ама засега сум презадоволна. Вреди дефинитивно зашто и ние се научивме вака да јадеме со детето, сецкам пред да го ставам и таман спремно му е да си јаде парченца и најважно не ми е цела кујна хаос.
И јас го зедов, ми дојде беспари со ваучери Уште не сум го пробала Парченца во тој садот за ориз ставаш?
Не, во тој садот ставам ориз, леќа, грашок досега тоа. Се друго ставам на таа црната плотна, како и да се вика.
Н аколку минути ги ставаш лечата и грашокот. И кој сооднос со вода. Ние мали сме уштњ з атие ама за понатаму. Истиот го имаме.
Црвена леќа се прави за 15-20минути, а грашокот 30минути го ставам. Вода колку да ги облие, секако останува после ги цедам. За ориз ставам 1:3 стандард и го правам 15-20минути. Обично месото е доле, зеленчукот горе ама ако правам само за малиот ставам и месо и зеленчук на долната (прво месото, па по некое време отварам и го ставам зеленчукот). Има упатство со потребното време за скоро сите намирници.
Колку му се јаде толку да даваш мене ми рекоја за почеток 90-120гр синко додека стигна до 120гр помина месец и пол.. Сега треба да јади 150-170гр но не му оди само нервоза му правам и баш читав по инста најлошата работа е бутање со сила детето прави одбивнос кон храната.. Така да веќе и не мерам колку сака толкуу и јас не сум нервозна, а и тој е весел
Млечни производи (павлака к.млеко јогурт) кога и дали за сите по три дена или едно кога ќе се воведе ги користите и другите ?
Мајки со кое мевце почнавте и од кој месец, кисело млекце и жолтка ме интересира исто ? Сигурно и имате пишувано но не можам да барам. Фалаа однапред
Јас варам едно мало лажиче. Доволно е за едно тегличе од 120 грама. Житарка треба да е 1/3 од другото.
@elcezelce Портокал дадов на 10 месеци не му е ништо посебно, киви сега на 10 ипол и ептен ми се налути, не сака да го види. Лимонот го чувам за некоја специјална пригода кога ќе биде расположен да го снимам @Осе Колку што памтам, на 8 месеци почнав со млечни, прво кисело млеко давав два дена по неколку лажички (можеш овошен јогурт да направиш со 3 лажици кисело млеко и банана), другите слично ги воведов. Само павлака немам дадено уште освен грчки јогурт. Воведов кисело млеко, јогурт, моцарела и несолена урда. @Anaouou Со телешко месо почнав на 7++ месеци, потоа во 8ми дадов мисиркино, жолчка и млечните производи. После 2 недели дадов и цело јајце и ми се олесна спремањето на оброци зашто има голем избор со цело јајце.
Просо од ДМ, а палента и ориз каков и од каде? Да направам залихи, педијатарот тоа ми рече да и воведам и одѓа 2 оброк. Малце брзо тоа му доаѓа нели?
Палента јас давам на дивела,а ориз на почеток мелен на хип,а сега како за нас во зрно кочански пакуван.