Леле и јас од таму ништо не разбирам, гугл транслејт цело време пуштам. Едму, едму цело време читам, барам никако да најдам кој зеленчук е. Уствари маслиново да ти било Пиров гриз со мм заклучивме дека е оризов, од пиринач нели
Јас барав на нет шта је пир и најдов дека пир е вид на пченица, т.е. спелта што го среќаваме кај нас. И така се водам, еве ако има некој инфо од прва рака нека сподели
Добри сте На хрватски ориз не е пиринач, на српски е. Рижа е на хрватски. Чисто рижа да не помислиш дека е 'рж Пир, спелта, динкел, крупник е исто.
Им ги блендирате ли секогаш кашите на почеток кога ќе почнете со оброци? Вчера немав блендер само со вилушка му го испасирав морковчето и си јадеше незнам дали да продолжам да му давам таква густина или пак да блендирам ко каша да е? (глупи прашања кои ме мачат)
Суперр камо мојава да сакаше така. Продолжи така после полесно ќе се навикне на парчиња Јас кога и давам пасирано прави бљу како за повраќање Превеле ли вашите така ? Се навикнале ли подоцна ?
Правеше од пасирано, до душа сеуште му се гади. Премина директно на парчиња. Ако му давам компир, морков, пашканат такви зеленчуци ги јаде како парчиња, а ориз, леќа ги блендам. Пример, варени макарони јаде ама ако ги измешам со некој сос му се гади.
Правеше фаци за повраќање ден-два и после прекина. Почнав со крупно блендирано за да преминеме на парчиња, а сега давам нешто крупно блендирано, а нешто парчиња. Одамна не сум видела да се гади. Нормално е, некогаш ќе прекине.
И уште нешто не ми е јасно. Кога има месо во кашичката треба ли да се става палента, житарка, снегулки, ориз итн?
Јас при крај мислам на 9-ти месец дадов авокадо, но некои даваат и порано. Во оброкот со месо треба да ставиш зеленчук, житарка или скробен зеленчук, маслиново.