Ехе,ова мене ке ме засити Таман си е,супер Можеш само да скратиш бр на зеленчуци по оброк,за да имаш за ротација,на почеток е малце поограничено.
Еднаш неделно ставам, мислам дека може и двапати, само зависи и од возраста. @Филотеа Давам наут, но хумус не сум дала бидејќи немам воведено лимон, таан.
Мајки како го чувате авокадо вчера го пресеков денеска имаше темна боја во кесичка го ставив во фрижидер и дали може такво да му давам? Друго прашање ми е компир колку пати неделно давате, и кажете ми како комбинирате оризови снегулки?
Нормално е,авокадото брзо оксидира но не значи дека е расипано.Само обавезно семката оставај ја на него.Покриено со стреч фолија го чувам,но ретко,најчесто го јадеме одма. Оризови снегулки не сум дала,само како крекер,галети.
Мајки утре сакам да дадам капина прв ден.. Со што можам да ја комбинирам најубаво? Инаку купив замрзната од маркет, па само ќе ја сварам со останатото овошје за блендирање
Колку време пробувате вкусови пред да се воведе цел оброк? 5+ сме сега за сега јас го прекинувам во јадење он мислам 100г ќе ди лапне без проблем
Па не класично варење него да се пушти во водата кај што ќе се варат крушката, јаболкото, дека замрзната, тоа би било минутка.
Сега баш воведов капина. Првиот ден палачинки од овес и џем од блендирани јаболко и капини, вториот ден мислам дека дадов круша и капини. Третиот палента, кисело млеко, слива, вишни и капини, а бе ми доаѓаше да си направам и за мене колку ми беше вкусно.
Досега дадов да проба јаболко, морков,банана,тиквичка, круша. Од сето ова давам најмногу по 10-12 лажички тоа е отпилика 60 гр.(3тиот ден од пробување на намирницата). 4++ сме. Што можам следно да дадам да проба?
Батат,тиква,слива(сега има само сува) брокула,карфиол од последниве две немај големи очекувања дека ќе му се свиѓаат на бебе
Што да дадам да се искака? Од морковчето 2 дена не е какан сливите гледам имаат шеќер кашичките а немам можност денес да блендирам суви. Од круша тиква може да му се регулира?