А хумус дома Може, не знам што друго имаш воведено ама мојов од авокадо ептен се празни. Исто можеш банана презреана.
За воведување ориз, една лажица Holle доволно е, измешано во кашичка? Многу малце некако ми се виде. И по вовед колку може да давам?
Да прашам тука за искуства за воведување втор оброк. Веќе една недела има цел зеленчуков оброк и тој го давам околу 14ч, 2.5 до 3ч после млеко. После тоа гледам да не давам млеко барем 2ч. Во ред е вака? Е сега, педијатар ми рече да почнам со воведување доручек. Каков ви е распоредот откако ќе воведете доручек? Претпоставувам сабајле прво млеко па после овошје?! Колку време чекате од млеко до овошје и овошје до следно млеко? Возраст 5+, на АД.
Ништо прв пат морковче 3 дена и одма се затна а какаше секој ден дури и по 2 пати, гледам и се мачи напнува. Планирав јаболко денес ама читав некоја статија од Сајковски можели запек да направи па земав круша незнаев дека сливата може да се даде од готовите кашички на 5++, па се изнајадов јас суви сливи и сокови се надевам ќе помогне. Фала ви на сите
Веќе му дадов круша ќе терам 2 дена па ако нема ефект ќе дадам третиот слива. А чај од анасон на бекутан му помага? Јас му го давам на хип ама имам и од тој да му направсм од него ако на тој мислиш
Здраво мамички! Ве молам искуства и совети за исхрана на 5 месечно бебе. Пробувам вкусови, досега имаме пробано јаболко, круша, морков, банана домашно приготвени но не ги сака ги плука. Дали да пробам со купечки или да продолжам со домашни. И предлози ако може што би можела да давам, совети, зошто ми е прво дете и не сум искусна. Поздрав
Вчера Војдан наполни 5 месеци. Уште пробува вкусови ама слабо ни оди. Според програмот на педијатарката треба да му се воведе попладне цел оброк . Денес пробав со кашичка на Хипп од тиква и компир и едвај 20 грама изеде. Утре домашна ќе му правам со блендер. Оваа на Хипп кашиката многу густа беше денес и ја мешав со водичка...
Ќе пробам знам и јас за бучен козјак дека е многу кисело,му дадов штипска млекара од штип сум , една лажичка кога направи фаца како лимон да сум му дала, и потоа уста не отвори се откажав, земав битолско иста песна, се мислев бучен козјак земав ама пробав уште покисело, не ни пробав да му давам . Па решив да прашам тука. Да не ги купувам сите што постојат. Ме интересира ова од фармата какво е наша фарма мислам беше.
Денес прв ден ја комбинирав со просо, јаболко, круша, банана и 3 капини големи беа (мислам доволно е). За утре може палента, слива, капина, јаболко и една лажица к.млеко алпско (вишна немам воведно сеуште, следно по капинава е грашок па вишна потоа)