Пробав и чисто пробав и со зеленчук и со овошје. Со овошје помина колку толку се мрштеше ама јадеше. Другиве две опции не стегне уста и не сака. @Jana06 се надевам ќе се предомисли.
Да си прашам јас, по колку месо давате на 6+? Кај мене од педијатар е запишано да почнам како со вкусовите со неколку лажички, па половина тегла и да дојдам до цела тегла месо (овој месец од тегла ќе давам додека се навикне) Еве веќе една недела давам ручек и повеќе од половина тела не сум дала, некако страв ми е да не и се згади. Плус и секој ден да сум давала, заради железото Да ви кажам ние мк најмногу се потресуваме. Заследив една италијанска група за совети и рецепти за бебиња и останав без зборови. Од старт даваат сѐ, од јајце со белка до риба, јагоди, свашта. Демек најновите истражувања покажале дека немало потреба од чекање освен за мед и габи
Тогаш му дадов овес к млеко малку стсвив и слива и јаболко едвај со лажење изеде околу 130 гр а обично по 190 јаде. Ке пробам и со банана да видиме.
@Monella месо ке мериш по рачето на бебето стиснато во песница.Отприлика тоа е количината на месо потребна за еден оброк кај бебе
Jas do den denes ne jadam kiselo mleko i jogurt deka mi se kiseli....i majka mi mislela ke se predomislam nekogas
Капини од каде купувате? Друго што сакав да прашам, црвените бобичасти овошки кога ги воведовте? Јаткасти исто, кои први да речеме? Ние сме 9м али нешто затаив со воведување нови, незнам што ново да дадам. Житарки тие што ги користиме во исхрана воведени, месата освен риба исто воведени, млечни да. Сега последно леќа, грашок и боранија јадевме. Сакам повеќе намирници да имаме пробано, за да сум си мирна кога ќе почнам со работа. Секој совет е добредојден
Па јас од 9ти навака воведов цело јајце, од шумските само јагода немам воведено, риба воведов, цитрусни освен лимон, путер од бадеми и лешници, сега планирам зелка, грав и што знам, не ми текнува друго, скоро се јаде.
Здраво, за бебе 6++ имам воведено полента и просо од житарки. Сакам да воведам и ориз и овесни снегулки, дали може да ми кажете кои ги користите?
Јас така се разболев од токсоплазмоза ама освен тој има и други паразити коо се далеку по опасни. Пример кучешка тенија или еден друг паразит кој се лепи за органите. Освен во овие го има во салати, спанаќ, младо кромидче. едит Имам многу пишувано за ова низ формуот. Се борев две години за да оздравам и прашав различни доктори. Ветеринарот мој и гиникологот рекоа дека најчесто се добива од салати ама многу почесто од јагоди. Јагодите ги миеме само со вода и така не се уништуваат паразитите. Јагодите мора да се мијат и со оцет ако се јадат свежи. Значи се ставаат во вода и оцет 5мин да отстојат, тој оцетот за туршија што е. Салататите и онака ги јадеме со киселина па колку толку се уништуваат ама пак се препорачува да седат во сода 20мин пред јадење. Посебно внимавајте на салати во ресторани, и двајцата доктори ми рекоа никако салати јадење надвор од дома, на свадби и прослави.
Мајки, ја гледав страната на BeOrg. Имате ли од таму купувано? Вистина ли се зеленчукот и овошјето органски? Некако во Македонија немам доверба за вакви работи. Терминот 'органско' се споменува многу често за различни нешта кои се далеку од органски...
Да се вклучам во муабет, гледам често се прашува како до полесно какање. Откривме нов начин со синко покрај авокадото и сливата. Откако ќе воведете глутен, или пак ако многу внимавате на тоа може и спелта бидејќи има ниско ниво на глутен, пченица во комбинација со овошје е магија за какање Проверено (со спелта). Итоа пожелно е да се цели зрна. Значи киснење од вечер 10-12 часа, утрото варење 30-50мин. па давање. За токсоплазмата се внимава и на месо да е добро подготвено, само да додадам.