Првиот ден кога му воведов капини, заборавив да ги проварам, но другите два дена среќа ги ставив малку. Се надевам дека не сум зезнала нешто првиот ден Добро е што пиша. На многу работи треба да се пази
Којзнае. Пишувавме за ова скоро, за домашните производи немаат сертификати, за останатите имаат. Проблемот е што сме во Мк и затоа немаме доверба во никој, а може навистина се. Останува само да им веруваме. Имам нарачано неколку пати, многу се пријатни за комуникација. На пример, јаболките им беа вкусни со по некое дупче, крушите се ептен ситни и тврди, спанаќот беше цел со земја, цвеклото е ситно, останатото како во маркет. Еве сега земав од блиска особа чист спанаќ непрскан, беше многу поубав од беорг. Сум слушала приказни колку лесно се вадат сертификати ама од друга страна може навистина работат како што треба, не можеме да знаеме. Затоа оваа година планирам да си засадам се што можам и да не му ја мислам.
Може скоро ако си нарачала, јас пред 2 месеци некаде последно нарачав, после ги почнав пастеризираните баш затоа, ептен тврди беа.
Не бе, еднаш пред Нова година нарачав и мислам дека уште двапати после тоа. Не сум добила малечки, големи и жолти се. Сочни и вкусни, но ме зачуди што рече мали дека се. Веќе немам од пастеризираните и затоа морав да земам последниов пат.
После наредна контрола треба да почнеме со пробување вкусови од денес 5-ти месец ... ве читам за оваа органската храна што ја земате од беорг па малку се разбуричкав по интернет најдов и еден друг маркет во Ск Меркато Кирковски па ме интересира дали сте земале од таму? Јас не сум од Ск би порачувала и од двете места овошје и зеленчук па ме интересира ваше искуство за овој маркет.
И јас нарачував од Беорг кога бев Мк, потврдувам за супер комуникација и испорака, од она што купив крушите беа најневкусни, тврди ептен и малечки.
После месец и кусур... Денес пак дадов готова кашичка на Подравка ај да не е до хипот мислев. Кајсија. Пак исто се вцрви. А домашни кога правам нема ништо... Можно е да е истото ?
Да , претпоставувам е истото Јас оддамна не сум дала готова кашичка , имам слива една Ќе дадам утре па ќе видам баш дали ќе се вцрвени Само кај очињата и кај вас ? Избегавај готови овошни каши
Да само под очињата... Колку повеќе давам повеќе се црвенее и за 15-30 минути и поминува. Избегавам ама од овие што не се наоѓаат сега или не ми се чисти и давам готови (слива,кајсија,праска). Е утре ќе пробам готово со домашно да смешам да видам баш дали ќе има.
Дали за ориз воведување можам од кашичка хип јаболко и ориз да дадам ? Ај и уште нешто треба палента да дадам гледам сте пишувале претходно..можам значи од Семолина на хип да воведам без глутен беби гриз?
Не. Со семолина што е без глутен може да воведеш ориз, а палента посебно е бидејќи тоа е гриз од пченка.
Ааа фала оли што би без тебе ќе остане гладно детево Уште нешто дали семолината ја мешаш со некој зеленчук пр батат или се дава чиста?