1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Ставам обавезно авокадо, јатки, путер, семки. За ручек и вечера обавезно заедно јадеме. До активноста ќе да е, плус тој период само со парчиња кога јадеше помалку. Сега да го вратам малку во нормала, па ќе смислам нова стратегија :D
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Maja92@

    Maja92@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2019
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    959
    Пол:
    Женски
    Мојата бебушка има 9ипол месеци
    Лапач невиден е , да не ја подречам :D:D
    Уште од 8м оброците ни се 200 до 250 гр , ми се случило и 270гр да си ги изеде.
    И одма после јадење ако јадеме ние плаче се лути сака и она хаха
    Исто имаме 3 оброци и една ужина
    Цицаме 2 пати денот, сабајле и пред спиење :inlove:
     
    На lavinija28 и Осе им се допаѓа ова.
  3. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Па реално скоро сите оброци му се блендирани, некогаш не толку фино, а некогаш овошјето е пасирано. Мене некако ептен ми е страв од задавување, и уште се немам осудено да давам парчиња а знам дека е време и дека треба. Морам да почнам во најскоро време...Јас битно се тресам, а мм еден ден ми кажува -му дал банана и така парчиња малечки му давал и малиов си јадел. Јас пак сосема му ја пасирам од страв :)
     
  4. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.306
    Допаѓања:
    19.109
    Ми кажа следно ориз палента и компир да воведам и да давам 100г овошнна сабајле и ручек 100г зеленчук со оризот и палентата откако ќе се воведат. Со тоа што он веќе има 100г овошје доручек па можеби затоа ми кажа сега можам ручек.
    Прашав за други карфоиол брокула ми кажа понатака на следна контрола.
     
  5. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.306
    Допаѓања:
    19.109
    Касно одговарам да тој на бекутан. Хип е без шеќер мислам а шеќерот ќе му помогне да се искака
    Дај си слива сабајле мала кашичка одма ќе се искака.
     
    На ni.na му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Прв пат кога воведувавте цреши/малини/капини, по колку стававте првиот пат?
     
  7. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.994
    Допаѓања:
    4.873
    Пол:
    Женски
    Јас цреши на 7м сега и вишни ставав по 10 гр. Малини и капини не сум дала.
     
  8. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.300
    Допаѓања:
    6.835
    Со вкусови пробување сме веќе 2 недели. Јаде околу 60-70 грама.Тој би јадел и повеќе ама јас го прекинувам од страв да не е многу.Педијатарот вели давај му колку му се јаде. Малиот е 4++.
    Што мислите вие? Да му дадам едно тегле мало од 120гр?
     
  9. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.994
    Допаѓања:
    4.873
    Пол:
    Женски
    Давај колку сака да јаде. Може ќе биде 100 гр може 80 а можеби и 120. Еве моето јадеше многу месец два откако почнавме сега има некои оброци воопшто не сака ни да јаде каша ни млекце да пие а се поминати минимум 3 часа од оретходниот оброк.
     
    На Brpbrp, Осе и firequeenn им се допаѓа ова.
  10. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.306
    Допаѓања:
    19.109
    Многу му е до 100гр макс 3тиот ден од пробување вкус. Сега на 5+++ ми рекоа да давам 100г сабајле овошје и попладне 100гр ручек. Почекај рано ти е за оброк секој ден
     
  11. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.300
    Допаѓања:
    6.835
    Да се радувам дури сака да јаде.:|
    И после тие 100гр. бара млеко или ова се рачуна како замена за еден подој? Јас досега немам дадено 100гр. Ми рекоа на 5м.да има 1 оброк воведено кој заменува млеко. Ајде ќе почекам сепак.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.306
    Допаѓања:
    19.109
    За да замени млеко треба ориз палента да имаш во оброците тоа сега за од 6м ни го дадоа. Јас на пример вака функционирам
    Станува во 5ч давам 200мл за 3 саати накај 8ч 100гр овошна каша па спие и за 2 накај 10ч саати пие млеко 150мл после пак млеко во па во 15ч зеленчук 100 гр и наредно пак млеко 200мл што не секогаш ги пие. Значи тука ми намалува сам он оброк. Инаку 6 шишиња пиеше.

    Се водам по него некогаш пие помалце млеко некогаш повеќе секое бебе е различно со сила ако е гладно не можеш да му смениш млеко нели. Значи по него води се. Едино ти е сега малку прерано да даваш цела каша секој ден. Заврши ги вкусовите бар јас така напрајв накај 5 почнав да му давам. Многу рано ми беше 4м за оброк да има.
    Вкусовите верувам ги немаш завршено? Инаку такво нешто никој не ми кажал да заменува млеко туку кога ќе преминеме на 2ка адаптирано дека он сам ќе ми намалува на пиење баш и ја прашав дали да заменам и како..и таков одговор довив. Не можеш јаболко каша замена за млеко да ја рачунаш на самите каши стои дека се десерт читај ги декларациите гуглај по сајтовите за дохрана Хип, бебелан..ќе ти стане јасно
     
  13. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Ние вчера бевме на контрола, ќерка ми е 9м јас од пред некое време давам пасирано, а и докторката ми рече дека е добро да има парчиња и бебето да се научи дека храната има структура. Веќе знае да џвака, а со тоа се вежба вилицата и цел тој систем што помага подоцна и во развојот на говорот.
    Не секое лесно ќе прифати парчиња, треба упорност и трпение. Јас пробав на 8м понудив храна сервирана како finger food, но не ја погледна ниту фати парче да проба. Сега гледам дека посега по лажичката,брца во чинијата па сметам дека е спремна. А банана парченца или бисквитки и давам веќе некое време меѓу оброк и си ги џвака без проблем и бара уште.
     
    На dunika, lavinija28, WonderGuurl и 3 други им се допаѓа ова.
  14. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.300
    Допаѓања:
    6.835
    Ги немаме вкусовите завршено. Досега имаме пробано јаболко круша морков тиквица и банана. Сето ова по 3 дена.Што да дадам следно? Педијатарот рече од мелениот ориз од Хип дека можам да дадам и од безглутенскиот гриз,исто на Хип.
    Јас не реков дека на 4 м треба да има оброк туку на 5месеци.Дека погоре пиша дека е рано на 4 месеци, се сложувам. А за гуглање ако ти се верува само тоа правам додека спие тој и еве некои работи се уште ги учам и допрва ќе учиме што да се даде,кога,како..
    Се преиспитувам по 100 пати, браво што си сигурна во себе.:)
     
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.169
    Допаѓања:
    329.444
    Пол:
    Женски
    Вкусови цела година ке пробувате :) Затоа шо има навистина мн намирници.И овошјето е оброк.Може нема хранлива вредност колку месото,житарките ама е оброк особено ако изнесува 120-150 грама(тоа е веќе мала тегличка).Можеш ориз да воведеш.Читам давате ориз од кутија.Мене тој не ми бил никогаш убав(водлест) јас давав обичен.Можеш со овошје да си го комбинираш ќе биде по хранливо.Воведи постепено сега батат(благ компир),слива,ориз,компир,авокадо.Не брзај имаш време за се :)
     
    На Izzy_0504, firequeenn, Mila_Skopje и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    И јас не му давам од оризот во кутија, од сам старт му давам од истиот за нас (кочански пакуван од маркет).
    Лушпата од оризот ги чисти цревата и ја заштитува слузокожата на тенкото црево (не се вари во желудникот, туку во тенкото црево).
     
    На Thallia, Izzy_0504, firequeenn и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.306
    Допаѓања:
    19.109
    Не сум те разбрала добро па супер тераш малиот е 5+++ сега ми дадоа палента и ориз.
    Инаку можеш следно тиква, батат, слива е добро посебно за какање можеш и неа. Јас бататот со тиквица му го дадов така можеш пробаните да ги мешаш со новите вкусови. Првиот ден чисти ги давав чисто да го осети вкусот чист. Овошната можеш секако ако мислиш дека треба давај му и секој ден тие се секако десерт поентата ми беше да не намалуваш на млекце овој период
     
    На firequeenn му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.632
    Допаѓања:
    1.569
    Пошто дечињата ни се тука со возраст консултација една:) Како му даваш вкусови да проба, јас прв ден давав 3 лажички нареднииот 5 - 6 третиот пак толку. Јадач е да е жив и здрав и се влече по тањирчето сака уште а мене ми е страв да му дадам повеќе. Уште немаме цел оброк воведено 1 недела како пробуваме:) инаку од бекутанот 20мл и крушата ми се искака да знае некоја мајка ако си имаат мака:D
     
    На Milkiway и Осе им се допаѓа ова.
  19. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.306
    Допаѓања:
    19.109
    Мене од педијатар ми е вака кажано прв ден 2 3 лажички, втор дена 10-15 лажички, трет ден 80-100гр ако изеде може и така правев. Дали е правилно вака поима немам. Исто и он е јадач и едцај чекав трет ден од вкус да се најаде :D така терав скоро 3 недели веќе 5ти месец кога влезе не знам која недела не памтам почнав по 100г секој ден овошна да му давам
     
    На ni.na му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Vojdana

    Vojdana Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.879
    Пол:
    Женски
    Денес воведувам банана мајки. Како да ја дадам? 5 месеци точно сме...