За да воведам орев, да ставам пола лажичка во доручекот? Или многу е пола? Исто и за кикирки, путер од кикирки да ставам колку? На врв на лажиче па да зголемувам
Јас да се уфрлам како падобранец на темава, ве читам пошо кај и да е и ние треба да почнеме со вкусови. Зошто му даваш вода, нели цица? Или без разлика мора да се дава и вода? Јас не знам како ќе правам кога ќе треба да почне чаеви, сокчиња, за жива глава не фаќа шише мојава...
Оризот на хип можам со зеленчук да го мешам? Сте давале така од тој од кутија? На упатството стои за овошна да направиш а за зеленчук не пишале па ми падна чудно..планирав за ручек да му давам
Јас го имам на Холе ама мислам исти се и го мешам со зеленчук, ама не со компир или батат. Пример и давам ориз, тиквица, морковче.
Дали и доручекот и ручекот треба да имаат житарка (ориз, палента, просо и сл) за да бидат оброк? Баш видов на овошните пишува дека се како ужинки.
Кога се почнува со вкусови се дава и по малку вода за да се навикнува. Секако си цица после 'оброк' ама треба и по малку водичка. Можеш да почнеш со лажиче или шприц да му даваш и после од чаша за ракија да се учи. Нема потреба од чаеви и сокчиња. @Mila_Skopje Доручекот со житарка, ручекот со скроб.
Јас вчера дадов од инстант оризот на хип со зеленчук. Го растворив во водата кај што се вареше зеленчукот.
Бебуш ми е 6+ денес првпат 2 оброка му дадов. Доручек тиква варена, ручек тиквичка. До сега за доручек му комбинирав,некогаш овошје мешано, некогаш зеленчукови каши или во комбинација со ориз на Хип или палента. Прво дете ми е, уште не ми е скроз јасно ова со хранава.Не јаде 100гр на оброк и тоа ме плаши да не е малку, инаку на доење сме. Дали ако не изеде 100-120гр на оброк треба да цица плус или да оставам така,па да си цица покасно? Дали смее првиот оброк да е само овошје зашто гледам спомнувате дека се рачуна како десерт? Дали има правило и за вториот оброк? Пример, ако јаде кајсија за доручек, а морков за ручек не ми иде во комбинација, тоа не е ли многу бета каротен? Извинете на долгиов пост, ама некако педијатарот не ми објасни баш убаво околу оброците. Се водам по табела од бебе готвач за воведување намирници и од се што беше за 6месеци ми остана да воведам уште просо и авокадо.
Ние сме нешто слични. Значи за доручек до сега и давав мешавина овошје затоа што немав воведено житарка, еве утре планирам палента за доручек, а за ручек претежно зеленчукови кашички, зависно што имам воведено и може да запута и некоја овошка, а веќе почнав и скроб. Е сеега за доењето, педијатарот ми рече да биде, подој, овошна каша, подој, зеленчукова и после подој цело време, со тоа што нас ни се случува и после 1час од каша да бара да цица, а јаде мах 120гр, што значи не ја најадува кашичката ама не сака повеќе и и давам да цица. Вака нас ни изгледа денот, така да изгледа им треба на некои деца време да почнат да јадат. Во врска со внес на производи, гледам само во една кашичка да нема некои комбинации како на пример ориз и компир, и да внесам плус некоја состојба што би ја омекнала столицата.
Мила 3 дена ќе ја воведуваш палентата и оризот? Јас оризот по 3 дена го давав не знам дали така треба да се воведуваат како ново
Не, оризот го воведов 2 дена, а и палентата планирам. Гледам ако нема проблем и втор ден, не ја давам трет, воведувам нешто ново затоа што многу малце имав воведено и едно исто и давав за јадење. До сега немав проблем и полесно ми прифаќа нови работи бидејќи и ги мешам од прв ден. Прво и давам неколку лажички колку да го осети вкусот и после мешана кашичка.
Јана вие сте поголеми од шише со клунче даваш ли вода? И моево за жива глава вода не сака само со лажиче по малку едвај. Па имам такво шише не знам дали можам да пробам или рано е
Да, да, му давав со клунче ама брзо се научи од чаша, па ги тргнав сите шишиња. Е сега, дека почна ноќе да пие вода, се вративме на шише.